4 фризури што можат да ви предизвикаат главоболка

Постојат безброј причини за појава на главоболка, а понекогаш „виновникот“ е и вашата фризура.

chetiri-frizuri-shto-mozhat-da-vi-predizvikaat-glavobolka-01.jpg

Ако ја собирате косата во опавче, сигурно сте забележале дека кога ја носите собрана цел ден, главата почнува да ве боли. А, ова е проблем што може да се појави со неколку фризури.

Погледнете кои фризури можат да ви предизвикаат главоболка:

Опавче

Ако сте почувствувале ваква главоболка, сигурно сте се запрашале која е причината за нејзината појава.

На вашиот скалп се наоѓаат многу чувствителни нерви кои можат да регистрираат болка. Опавчето предизвикува чувство на затегање на повеќето вакви нерви, па можно е да се појави и главоболка. Оваа појава е толку честа, што си добила и свое име – синдром на коњско опавче.

chetiri-frizuri-shto-mozhat-da-vi-predizvikaat-glavobolka-02.jpg

Марами, стегачи зa глава и слично

Украсите за коса, како стегнатите марами, исто така можат да бидат причина за главоболка. Овие украси создаваат надворешен притисок на главата и челото, и поради тоа предизвикуваат болка.

Оваа главоболка не е многу силна, а најболни се местата каде што стоела марамата или стегачот.

chetiri-frizuri-shto-mozhat-da-vi-predizvikaat-glavobolka-03.jpg

Стегнати плетенки

И премногу стегнатите плетенки можат да ви предизвикаа главоболка. Како опавчето, и плетенките ја затегаат косата и имаат влијание врз нервите на скалпот. Покрај тоа, ако често носите стегнати плетенки, можете и да си ја оштетите косата.

chetiri-frizuri-shto-mozhat-da-vi-predizvikaat-glavobolka-04.jpg

Надградба на коса

Можеби вие не ја чувствувате, но надградената коса тежи, па поради ова нервите на скалпот стануваат почувствителни.

За разлика од другите фризури, надградбата се носи многу подолго, а поради тоа болката може да се влоши.

chetiri-frizuri-shto-mozhat-da-vi-predizvikaat-glavobolka-05.jpg

Како да се ослободите од главоболката предизвикана од фризури?

– Нежно масирајте го скалпот на местата каде што чувствувате болка.

– Избегнувајте украси за коса што предизвикуваат главоболка.

– Правете фризури што не создаваат многу притисок на скалпот, како „неуредна“ пунџа, ниско опавче, па дури и скратете ја косата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *