Лавот заборава важни детали, Скорпијата не може да се наспие – кога знаците чувствуваат дека ја губат контролата?

Дури и најдобрите попуштаат под притисок. А кога се случува ова, останува да се запрашаме – зошто ја губиме контролата врз сопствениот живот?

Koga-znacite-ja-gubat-kontrolata-01.jpg

Според астрологијата, секој од знаците има своја „точка на топење“.

Дознајте која е вашата, можеби полесно ќе се справите со проблемите и секојдневните предизвици:

Овен – сè уште немате создадено добра рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот. Се мачите да ги завршите сите обврски во денот. На крајот сте преморени и исцрпени.

Бик – не можете да ги контролирате емоциите во последните неколку месеци. Чувствувате дека не можете да пронајдете вистинска среќа, а тоа ве фрустрира. Во потрага сте по љубов, а не секс за една ноќ.

Близнаци – вашиот распоред е она што ве побудалува. Трчате наоколу како „мува без глава“ бидејќи имате стотина обврски во планерот и не можете да одлучите што е приоритет, а што не.

Рак – сте го изгубиле контактот со многу блиски луѓе во животот. Сега сте загрижени дека ви се лизгаат низ прстите и немате никаква идеја како ќе продолжите понатаму без нив. Тажни сте и тешко може да се утешите по однос на ова прашање.

Лав – се фаќате себеси како заборавате на многу битни работи. Ова прилично ви го отежнува животот, затоа што правите ситни и навидум глупави, но непростливи грешки што ви го комплицираат секојдневието и рутината.

Девица – животот ви се смени за 180 степени. Почнувате да сфаќате дека сè во што сте биле сигурни – луѓе, случки, настани е дефинитивно една голема лага. Почнувате да се преиспитувате и себеси, сомнежите ве разјадуваат одвнатре.

Вага – честопати го губите трпението и започнувате неконтролирано да викате некому. Не можете да си ја контролирате промената на расположението. Не можете да сфатите од каде потекнува ова внатрешно незадоволство.

Скорпија – не сте се наспале добро со месеци. Се борите со несоница и не можете да врзете неколку часа сон дур и со помош на лекови. Се борите да останете будни, особено на работното место.

Стрелец – немате поим во кој правец се движи вашиот живот. Немате идеја што или кој ве усреќува и ова дополнителни ве фрустрира особено што „навидум“ сите околу вас знаат точно што прават.

Јарец – сакате сè да направите самите. Не реагирате кога некој друг ви подава рака или пак ви нуди помош. На крајот од денот сте преморени и нервози, жалејќи се како никој не ви помага во животот.

Водолија – се чувствувате мошне несигурно во последно време. Како да не сте „доволни“ сами на себе и на останатите околу вас. Но, чувствувате како и другите не ви се доволни вам, што дополнително ве збунува.

Риби – вашиот распоред е пренатрупан. Имате толку многу обврски за завршување што не знаете од каде да почнете. Па решавате да не правите ништо и само да прокрастинирате.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *