Уште еден херој заѕвони на ѕвончето на Детска клиника – малиот Теофан ја победи болеста (видео)

Од позитива на денот, ја издвојуваме оваа вест за најголемиот смешко Теофан, уште еден херој кој се излечи од малигна болест и заѕвони на ѕвончето на Детска клиника.

ushte-eden-heroj-zadzvoni-na-dzvoncheto-na-detska-klinika-malion-teofan-ja-pobedi-bolesta-video-01.jpg

Дечињата кои успеваат да ги победат малигните болести се вистински херои, а завршувањето на лекувањето го одбележуваат со ѕвонење на ѕвонче и аплауз од персоналот на Детска клиника.

Ова ѕвонче внесува пријатно чувство и доза на надеж кај секого, а Министерот Филипче објави видео од Теофан:

Уште едно детенце излекувано од малигна болест на Клиниката за детски болести! Најголемиот смешко Теофан ја победи болеста и вчера си замина дома. ❤️ Тој повторно ќе има среќно детство и ќе се дружи со другарчињата. Му посакувам секогаш да биде насмеан и силен како и досега. Браво за целиот тим на установата! 💪 ✊

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *