12 мали работи кои изгледаат како љубов, но всушност се манипулација

Ви предложува работи „за ваше добро“, кои гледате дека навистина не се за ваше добро.

12-mali-raboti-koi-izgledaat-kako-ljubov-no-vsushnost-se-manipulacija-01.jpg

Некои слатки потези од вашиот партнер не секогаш значат љубов, тие понекогаш се чиста манипулација и затоа треба да бидете внимателни за да ги препознаете.

Машки потези кои не се љубов, туку се манипулација:

– Сака да ве проверува константно – само што се разделивте, а веќе ви се јавува и ви пишува.

– Го користи често изговорот „… но, јас те сакам“.

– Не може да живее без вас и дека би умрел ако го оставите – не, ова не е романтика.

– Вели дека вие сте целиот негов свет и изгледа како да е навистина така – тој не прави ништо друго.

– Постојано се „грижи“ за вас и се лути ако не му одговорите веднаш на порака и ве врти против блиски луѓе затоа што тие наводно сакаат да ви наштетат.

– Штотуку започнавте врска, а тој веќе ви говори за основање на семејство заедно.

12-mali-raboti-koi-izgledaat-kako-ljubov-no-vsushnost-se-manipulacija-02.jpg

– Постојано ви дава комплименти во претерана доза – ова веќе не е ласкање, туку тајна алатка за манипулација.

– Ви кажува кога сте испиле премногу и ви е доволно или кога не сте се облекле соодветно.

– Ви кажува колку сте подобри од неговите бивши и притоа ги навредува и омаловажува нив.

– Ве нарекува „глупави“ на момент и се преправа дека се шегува, но всушност сака во вашиот ум да почнете да верувате во тоа.

– Ви предложува работи „за ваше добро“, кои гледате дека навистина не се за ваше добро.

– По кавгите станува супер сладок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *