Брак без интимност, обиди за самоубиство: Мрачната страна на животот на Елтон Џон

Сега е во среќен брак и со својот сакан сопруг Дејвид Фурниш има два сина, но некогаш бил во брак со жена која не ја ни бакнувал…

brak-bez-intimnost-obidi-za-samoubistvo-mrachnata-strana-na-zhivotot-na-elton-djon-01.jpg

Легендарниот британски пејач Елтон Џон објави автобиографска книга, насловена „Me“ (Јас), во која во детали говори за неговиот неверојатен живот, кретивноста и успехот.

Но, тој исто така е отворен и за зависноста од кокаин, секс и шопинг. Борбата со алкохолизмот и булимијата, како и тешкиот пат на себеприфаќањето како хомосексуалец.

brak-bez-intimnost-obidi-za-samoubistvo-mrachnata-strana-na-zhivotot-na-elton-djon-05.jpg

Елтон Џон двапати се обидел да се самоубие, во 1968 и 1975 година, но потоа комплетно го променил животот – престанал да пие, основал фондација за борба со сида, се омажил за Дејвид Фурниш и со него добил два сина со помош на сурогат мајка.

Вели дека живее неверојатен живот и не сака да го менува, иако има работи за кои се кае, тој е неверојатно среќен како испаднало сѐ.

brak-bez-intimnost-obidi-za-samoubistvo-mrachnata-strana-na-zhivotot-na-elton-djon-13.jpg

Детали од книгата за мрачната страна на животот на Елтон Џон:

Елтон Џон го опишува однесувањето на неговата мајка како непријатно и во книгата ја нарекува социопат.

brak-bez-intimnost-obidi-za-samoubistvo-mrachnata-strana-na-zhivotot-na-elton-djon-03.jpg

Вели дека имал тензични односи и со татко му кој никогаш не го прифатил неговиот избор на кариера и иако неговиот татко е починат во 1991 година Елтон открива дека сѐ уште да му докажува што постигнал.

brak-bez-intimnost-obidi-za-samoubistvo-mrachnata-strana-na-zhivotot-na-elton-djon-02.jpg

Во 1975 година Елтон испил голема количина на апчиња за смирување и скокнал во базен пред целото семејство, а 7 години претходно исто така имал обид да се самоубие со труење со јаглерод моноксид во неговиот дом, но некој пријател го спасил, а до неодамна никој не знаел за инцидентот.

brak-bez-intimnost-obidi-za-samoubistvo-mrachnata-strana-na-zhivotot-na-elton-djon-09.jpg

Открива дека никогаш немал чувства за својата сопруга.

Во 80-тите се спријателил со Рената Блауел и често мислел колку таа ги има сите потребни карактеристики на една привлечна жена, ако тој би бил хетеросексуалец, па една вечер во 1984 година ја запросил иако не постоела романса помеѓу нив, дури ниту бакнување.

На свадбениот ден одлучиле никогаш јавно да не говорат за интимната страна на нивниот брак и мирно се развеле во 1988.

brak-bez-intimnost-obidi-za-samoubistvo-mrachnata-strana-na-zhivotot-na-elton-djon-04.jpg

Долги години се борел со зависноста од алкохол, но за среќа престанал да пие од 1990 година.

brak-bez-intimnost-obidi-za-samoubistvo-mrachnata-strana-na-zhivotot-na-elton-djon-12.jpg

Во 1993 година пријател го поканил на вечера на која ќе можел да запознае друг маж со хомосексуална определба.

Елтон не бил воодушевен од поканата, сѐ додека не го забележал младиот и тивок Дејвид Фурниш. Размениле броеви и денес се во брак.

brak-bez-intimnost-obidi-za-samoubistvo-mrachnata-strana-na-zhivotot-na-elton-djon-06.jpg

Како близок пријател со Мајкл Џексон, принцезата Дијана, Тина Тарнер, тој бил дел од нивните животни драми. На пример принцот Чарлс никогаш не го ословувал по име, туку само како сопругот на Дијана.

brak-bez-intimnost-obidi-za-samoubistvo-mrachnata-strana-na-zhivotot-na-elton-djon-07.jpg

Елтон стапил во брак со Дејвид Фурниш во 2005 година, на првиот ден од легализацијата на истополовите бракови во Англија, но, и покрај многуте гости ѕвезди, неговата мајка не дошла на свадбата, таа не го одобрувала бракот помеѓу двајца мажи.

brak-bez-intimnost-obidi-za-samoubistvo-mrachnata-strana-na-zhivotot-na-elton-djon-08.jpg

Во книгата Елтон открива дека во 2017 година му бил дијагностициран рак на простатата и говори за операцијата како и другите здравствени проблеми, но вели дека е „сѐ уште е премлад за да умре.“

brak-bez-intimnost-obidi-za-samoubistvo-mrachnata-strana-na-zhivotot-na-elton-djon-11.jpg
brak-bez-intimnost-obidi-za-samoubistvo-mrachnata-strana-na-zhivotot-na-elton-djon-10.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *