Мистеријата обвиена околу „Змискиот Остров“ во Преспанско – дивина со флора и фауна каде што ретко стапнува човек (фото)

Голем Град (Змиски Остров или уште познат како Св. Петар) е остров во Преспанското Езеро и претставува најголемиот природен остров во нашата земја. Искачувањето на островот е можно само од две места, на северозападниот и на југоисточниот крај, каде постојат мали плажи и пукнатини во карпите до кои може да се пристигне со чамец.

Misterijata-obviena-okolu-Zmiskiot-Ostrov-01.jpg

Островот Голем Град се наоѓа на околу 2 км од брегот на езерото. Има елипсовидна форма со должина од 750 m и ширина од 450 m. Од сите страни островот е заобиколен со карпи и ридести врвови со височина од 20 до 30 метри.

Денес е ненаселен со луѓе, царува само флората и фауната и според исказите на многумина, ова е домот на змиите од каде што потекнува и името на островот. На него живеат два вида на змии, неотровната белоушка и отровната змија поскок.

Но, во минатото, луѓето живееле во симбиоза со природата и граделе живеалишта, храмови и пристаништа. Најстарата цврста архитектура на островот датира од пред 2.200 години, додека пак најстарите гробови на жителите на островот се уште постари – од пред 2.500 години. Ова значи дека населбата сигурно била и неколку векови постара.

На островот, иако на релативно мала површина, пронајдени се остатоци од цркви и базилики, а во некрополите е пронајден златен, сребрен и бронзен накит. И покрај досегашните сознанија, островот Голем Град е сè уште недоволно истражен, но и прилично опасен. Постоеле два обиди за уништување на змиите, со ежови и мунгоси во минатото, но не бил постигнат некој значаен успех.

Островот продолжува да опстојува со сета своја дива и неоткриена убавина, како да му пркоси на времето и цивилизацијата… како изгледа денес?

View this post on Instagram

Isn't she a dangerous beauty, what do you think ? . The Nose-Horned Viper (Vipera ammodytes). . Поскок или камењарка 💚. . . I photographed this unforgettable beauty on the island Golem Grad, where herpetologist estimate that the total population on the island is around 2345 individuals. They have interesting carnivore diet, juveniles fed mainly on lizards and mediterranean banded centipede (Scolopendra cingulata), but the adults preyed on dice snake as well. The largest individual captured on the island was 66 cm long. . . Оваа незаборавна убавица ја фотографирав на островот Голем Град, каде херпетолозите претпоставуваат дека тоталната популација на поскокци изнесува околу 2345 единки. Поради тоа што се заробени на остров, имаат интересна и специфична месојадна исхрана. Младите се хранат во главно со гуштери и сколопендри, а возрасните ловат и рибарки (Natrix tessellata). Најголемата единка фатена на островот е 66 цм долга. . . Reference: POPULATION CHARACTERISTICS OF THE NOSE-HORNED VIPER( Vipera ammodytes) ON GOLEM GRAD ISLAND. By: (Liljana Tomkvic, Dragan Arsovski, Ana Golubovic, Sonja Nikolic, Marko Andelkovic, Bogoljub Sterijovski, Rasto Ajtic, Jelka Crnobrnja Isailovic and Xavier Bonnet) thank you for the hard work guys💚. . . . #wildlifephotography #snakephotography . #biology #ecology #zoology #herpetology . #herpetologist #reptile #reptiles #reptilesofinstagram #reptilesofinsta #reptilefanatics #reptileworld #snake #snakes #snake🐍 #snakelover #snakelovers #snakeofinstagram #snakesofinsta #snakeisland #lovesnakes #snakelife #viper #vipers . #природа🌿 #prespa #македонија #инстаграмџии #golemgrad

A post shared by Andrej Mihajlov (@andrejmihajlovv) on

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *