Како изгледа денес бебето од албумот Nevermind на Nirvana?

Се сеќавате ли како изгледаше омот на албумот Nevermind од Nirvana?

kako-izgleda-denes-bebeto-shto-go-kraseshe-albumot-nevermind-na-nirvana-01.jpg

Еден од најпрепознатливите албуми го красеше фотографија од бебе, кое изгледа како да брка банкнота од еден долар под вода.

Но сте се запрашале ли кој е всушност тоа, и што прави денес, речиси 29 години после настанувањето на фотографијата?

kako-izgleda-denes-bebeto-shto-go-kraseshe-albumot-nevermind-na-nirvana-02.jpg

Бебето на фотографијата е Спенсер Елден. Тој имал едвај четири месеци, кога неговиот татко, Рик Елден, решил да му помогне на својот пријател Кирк Ведл. Кирк е подводен фотограф и тогаш имал задача да направи фотографија за бендот кој ќе стане еден од најпознатите во историјата на музиката.

За да ја направи фотографијата, Кирк прво фотографирал бебиња кои учат да пливаат. Но, сите овие фотографии биле одбиени од продукциската куќа. Сепак, фотографијата од 4-месечниот Спенсер навистина им се допаднала, а куката со доларот била додадена отпосле.

kako-izgleda-denes-bebeto-shto-go-kraseshe-albumot-nevermind-na-nirvana-03.jpgЧленовите на Nirvana прават фотосесија за албумот

Целата фотосесија на малиот Спенсер траела само неколку минути, а тој и татко му добиле 200 долари за ова. Татко му има изјавено дека со парите отишле да си купат такос.

Денес Спенсер има 28 години, а тогаш, неговите родители не ни помислувале дека тој омот ќе го краси албумот на деценијата. На глобално ниво, албумот се продаде во 30 милиони копии, со тоа заработувајќи 50 милиони долари.

kako-izgleda-denes-bebeto-shto-go-kraseshe-albumot-nevermind-na-nirvana-04.jpg

Годините минувале и Nirvana се распадна, но од CNN се сетиле на бебето од албумот и решиле да го интервјуираат. Тогаш Спенсер станал вистинска сензација. Тој дури и си направил тетоважа во чест на албумот, но и ја направил истата фотографија на 17 и на 25 години.

kako-izgleda-denes-bebeto-shto-go-kraseshe-albumot-nevermind-na-nirvana-05.jpg
kako-izgleda-denes-bebeto-shto-go-kraseshe-albumot-nevermind-na-nirvana-06.jpg

Во интервјуто за CNN, Спенсер изјави:

„Кога размислувам за тоа, се чувствувам глупаво што давам интервјуа за фотографијата, бидејќи јас немав никаква врска со неа, но, истовремено, бев важен дел. Навистина е чудно да бидете дел од нечие сеќавање што не го помнете“.

Денес Спенсер е уметник и живее со неговата мајка во Лос Анџелес, а одгледувал и домати и други растенија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *