Полиција начекала забава со 500 гости – од денес нови мерки на Халкидики и Миконос

Миконос и годинава е еден од најпосетените грчки острови, а воедно и најризичен во поглед на корона пандемијата. Полицијата, во четвртокот вечерта (20.08.2020), влегла во вила на Миконос во која имало приватна забава со повеќе од 500 гости – локалци, но и туристи.

policijata-nacekala-zurka-so-500-gosti-na-mikonos-od-denes-novi-merki-na-halkidiki-i-mikonos-01.jpg

Го уапсиле човекот за кој се верува дека е организатор на журката и една двојка од Шпанија која била дијагностицирана со Ковид-19 и требале да бидат во карантин.

Како резултат на ова дрско непочитување на мерките, од денес важат нови правила на Миконос и Халкидики:

1. Забранети се секакви забави, собирања, прослави, литии, пазари.

2. Забрането е собирање на група од повеќе од 9 луѓе на исто место, без разлика дали е отворен или затворен простор.

3. Во угостителски објекти, дозволено е седење на максимум 4-ца на маса.

4. Задолжително е носење маски во затворени простории и на отворено (онаму каде што не е возможно физичко дистанцирање).

Грчките граници остануваат затворени за државјани на Македонија за сега до 31 август 2020.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *