6 работи за контрацепцијата кои секоја жена треба да ги знае

Користењето заштита за време на сексуалните односи е задолжителна грижа за вашето здравје и тело. Многу жени се срамат да поставуваат прашања на своите гинеколози, особено во врска со контрацепцијата.

7-raboti-za-kontracepcijata-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-znae-01.jpg

Што е она што секоја жена треба да го знае на оваа тема?

1. Која е најдобра контрацепција?

Докторите се согласуваат дека најбезбедна за сексуално активните е т.н. двојна метода.

Таа подразбира користење кондом (како единствено средство кое штити од полово преносливи болести) во комбинација со орална контрацепција, спирала или некое друго средство за контрацепција.

2. Како да се одлучите која метода е најдобра за вас?

Ова зависи за од вашиот стил на живот и потребата. Некој може да биде дисциплиниран и да пие апчиња за контрацепција секој ден во исто време. Но, некој навистина не може да се замара со ваква обврска. Затоа најдобро да се консултирате со вашиот гинеколог.

3. Што е спирала?

Интраутерината влошка или попозната како спирала е мала, нежна, флексибилна Т-рамка, која се аплицира во матката.  Taa претставува долготрајно реверзибилно средство за заштита од несакана бременост.

Интраутериниот систем – Мирена е долготрајна, високо-сигурна, реверзибилна контрацепција која добро се поднесува и несаканите дејства се јавуваат ретко. Фертилноста е зачувана  т.е. може да забремените веднаш откако ке ја извадите спиралата. Треба да напоменеме дека спиралата не штити од сексуално преносливи болести.

7-raboti-za-kontracepcijata-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-znae-02.jpg

4. Зошто мојата пријателка имаше некои нус појави по користење на одреден тип контрацепција?

Вашата пријателка и вие сте различен организам. Не мора да значи дека истото ќе ви се случи и вам. Некои жени имаат грчеви после контрацепциски апчиња, но некои не. Ако имате било каква нус појава веднаш контактирајте го вашиот гинеколог.

5. Механичка / хемиска контрацепција:

Механичка контрацепција се:

  • Презервативите
  • Дијафрагмата
  • Цервикалните капи

Хемиските контрацептивни средства делуваат спермицидно и се ставаат во вагина непосредно пред сексуален однос. Се наоѓаат во вид на креми, таблети, пасти, желеа, пена и слично.

6. Природен метод на контрацепција

Природниот метод на контрацепција подразбира некористење на никакви средства за заштита од несакана бременост, туку водење на постојана евиденција на плодните и непплодните денови.

Овој метод нема никакви несакани ефекти врз плодноста.

Недостатоци: Не штити од сексуално преносливи болести и нуди помал степен на заштита од било кој друг контрацептивен метод.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *