Летен ручек од кој ќе излижете прсти – Ролнички од тиквички и пилешко месо

Ги обожаваме тиквичките – здрави, вкусни и нискокалорични, а може да се употребат во безброј варијации на рецепти.

Rolnicki-od-tikvicki-i-pilesko-meso-01.jpg

Овојпат имаме предлог за ручек од кој ќе ги излижете прстите – ролнички од тиквички полнети со пилешко месо, доматен сос и стопен кашкавал врз нив.

Се прави лесно и брзо, а еве како изгледа постапката:

Потребни состојки:

  • 500g пилешки гради
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 сечкан кромид
  • 2 чешниња сечкан лук
  • 1 лажичка кумин
  • 2 лажички црвен пипер
  • 1,5 шолји доматен сос
  • 4 големи тиквички, излупени и исечкани на тенко, по должина
  • 1/3 шолја рендан кашкавал
  • Сол и црн бибер, по желба според вкусот

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 180°C.
  • Во тава за готвење загрејте го маслото. Ставете ги пилешките гради и пржете ги на средна температура додека не се зготват целосно, од прилика околу 6 минути од секоја страна.
  • Зачинете со сол и бибер и извадете ги од тавата. Почекајте целосно да се оладат и со помош на 2 виљушки ситно исечкајте ги „на конци“.
  • Во истата тава додадете го сечканиот кромид и пржете го околу 3 минути додека не се кристализира. Додадете го лукот и зачините, а на крајот додадете го и сечканото пилешко месо.
  • Додадете 1 шолја од доматниот сос и добро измешајте.
  • Со помош на ноже за лупење исечкајте тенки ленти од тиквичките.
  • Наредете 4-5 лентички, една до друга како на фотографијата, за да се преклопуваат малку.
  • Истурете ја преостанатата количина од доматниот сос врз ролничките. На крајот ставете го ренданиот кашкавал.
  • Печете во загреана рерна околу 20 минути, додека кашкавалот добро не се стопи и зарумени.
Rolnicki-od-tikvicki-i-pilesko-meso (15).jpg
Rolnicki-od-tikvicki-i-pilesko-meso (11).jpg

Ставете малку од смесата со пилешко месо и завиткајте во ролничка. Повторете ја постапката со преостанатите ленти од тиквичките, додека не ги потрошите сите и не ги наредите во садот за печење, кој претходно сте го подмачкале со масло за јадење.

Rolnicki-od-tikvicki-i-pilesko-meso (10).jpg
Rolnicki-od-tikvicki-i-pilesko-meso (12).jpg
Rolnicki-od-tikvicki-i-pilesko-meso (8).jpg
Rolnicki-od-tikvicki-i-pilesko-meso (7).jpg
Rolnicki-od-tikvicki-i-pilesko-meso (13).jpg
Rolnicki-od-tikvicki-i-pilesko-meso (5).jpg
Rolnicki-od-tikvicki-i-pilesko-meso (14).jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *