„Мојот постар љубовник ме чува како тајна, не сака да ме запознае со децата“

mojot-postar-ljubovnik-me-chuva-kako-tajna-ne-saka-da-me-zapoznae-so-decata-01.jpg

Исповед на 23-годишна девојка за нејзиниот 42-годишен љубовник…

„Знам дека партнерот ме сака и имаме одличен секс, но тој не кажува никому за нашата врска.

Чувствувам дека ме крие како некоја своја тајна. Јас имам 23 години, а тој 42. Се запознавме кај мене на работа. Јас сум касиерка на бензинска пумпа, а тој редовен клиент кој постојано кажуваше шеги кога доаѓаше и ме засмеваше.

Еден ден додека бензинската беше празна и плаќаше за бензинот ми кажа за проблемите во неговиот брак. Неколку месеци подоцна ми се довери дека се развел со сопругата.

Изгледаше тажно, па му предложив да зборуваме на мир откако ќе ми заврши смената. Се договоривме да се најдеме во едно кафуле.

Изненадувачки беше што и покрај разликата во години имавме многу заеднички интереси и комуникацијата ни одеше лесно.

Потоа почнавме да се гледаме често и имавме активен и возбудлив сексуален живот.

Сега сме заедно речиси две години и тој е и официјално разведен. Го сакам, но не живееме заедно затоа што сѐ уште не ме запознал со пријателите и семејството, не сум ги запознала дури ниту неговите деца.

Има 17-годишен син и 15-годишна ќерка.

Многу се плаши од реакцијата на неговата поранешна жена. Никој не знае за мене. Постојано ми откажува планови, кога децата ќе посакаат да се видат со него.

Потоа ми се извинува, но јас се чувствувам како постојано да сум во втор план. Мислам дека никогаш нема да му бидам приоритет.

Знам дека ме сака. И јас го сакам многу, но вака навистина не знам во која насока оди нашата врска, неподносливо е…“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *