„Во секој живот би те одбрала тебе“ – Ванеса Брајант со емотивна порака за 42-иот роденден на Коби

Ванеса со срцепарателна порака, Nike со реклама, Ноле со емотивна илустрација, а Леброн со старо видео на кое пее – Како најблиските го одбележаа 23-ти август, денот на кој легендарниот кошаркар Коби Брајант би го прославил 42-иот роденден?

vo-sekoj-zhivot-bi-te-odbrala-tebe-vanesa-brajant-so-emotivna-poraka-za-42-iot-rodenden-na-kobi01.jpg

Во неделата, 23-ти август, Коби Брајант требаше да го прослави 42-иот роденден. Иако можеби кошаркарот не е со нас, неговите најблиски не дозволија овој ден да помине необележан.

Сопругата Ванеса му го честита роденденот со навистина емотивна порака:

„Среќен роденден. Те сакам и ми недостасуваш повеќе отколку што можам да опишам. Посакувам ти и Џиџи да бевте овде да прославите. Посакувам да ти ја направевме омилената храна или роденденската торта со Џиџи.

Ми недостасуваат твоите прегратки, твоите бакнежи, твојата длабока смеа.
Ми недостига да се шегувам со тебе и да правам да се смееш. Размислувам за твојата нежност и трпеливост цело време.
Размислувам за сè што би направил за да ми помогнеш во некоја ситуација. Ти благодарам што ми покажа што е вистинска љубов“.

Ванеса додава и дека се надева дека ќе се пробуди од овој кошмар и повторно ќе ги види Коби и Џиџи.

„Ти благодарам што ме сакаше доволно за неколку животи. Во секој живот би те одбрала тебе.
Наталија, Џиана, Бјанка Капри и јас и ти посакуваме среќен роденден љубов моја. Те сакам сега, засекогаш и секогаш“, завршува нејзината објава.

И ќерката Наталија не штедеше на убави зборови за татко ѝ:

„Среќен роденден до најдобриот пријател за гледање филмови. Секогаш ќе ги помнам нашите возења до киното со отворени прозорци и како ги слушаме омилените песни“, напиша таа на нејзиниот Instagram профил.

Од Nike, пак, му покажаа почит на кошаркарот објавувајќи реклама посветена на Коби, каде што наратор е Кендрик Ламар.

Во рекламата има аудиоснимки од Коби, клипови од други атлети спонзорирани од Nike, но и други луѓе кои биле инспирирани од кошаркарот. Истовремено, компанијата ќе донира и 1 милион долари во спортската фондација Mamba and Mambacita.

Леброн Џејмс сподели видео од 2008-ма, во кое му ја пее Happy Birthday на Коби.

„Среќен роденден брате! Ми недостасуваш!“, стои во описот на видеото.

Денес, пак, 24-ти август, Лејкерси ќе носат специјални Black Mamba униформи за денешниот натпревар.

И тенисерот Новак Ѓоковиќ му оддаде почит на Коби, со емотивна илустрација на која се прикажани тие двајцата, а Коби му вели:

„Тука сум со тебе, пријателе“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *