„Нè удираа, нè затвораа во самица и по 20 часа дневно“ – Парис Хилтон открива мрачни детали од тинејџерските години

Целиот свет знае за Парис Хилтон и повеќето луѓе ја гледаат само како разгалена богаташка. Но, изгледа дека богатата наследничка криела неколку мрачни тајни од нејзината младост.

ne-udiraa-ne-zatvoraa-vo-samica-i-po-20-chasa-dnevno-paris-hilton-otkriva-mrachni-detali-od-tinejdzherskite-godini-01.jpg

Во септември оваа година, на нејзиниот YouTube канал, Парис Хилтон ќе го објави документарецот за нејзиниот живот насловен This Is Paris. Таа веќе најави дека во филмот ќе сподели многу мрачни детали од нејзината младост, а дел нив откри и сега.

Во интервју за People, Парис изјави дека додека била тинејџерка, преживеала ужасно малтретирање во училиште во Јута.

„Долго време ја чував мојата тајна. Но, горда сум на силната жена во која се претворив. Луѓето можеби претпоставуваат дека во животот сè сум добивала лесно, но сакам да му покажам на светот која сум вистинската јас“, ја почнува Парис нејзината приказна.

ne-udiraa-ne-zatvoraa-vo-samica-i-po-20-chasa-dnevno-paris-hilton-otkriva-mrachni-detali-od-tinejdzherskite-godini-02.jpg

Кога беше тинејџерка, Парис живееше во Њујорк, во хотелот Waldorf Astoria, со нејзиното семејство. 39-годишната наследничка вели дека тој период често се искрадувала од дома за оди на забави – нејзините родители биле толку строги, што таа чувствувала потреба да стане бунтовник.

„Ме казнуваа така што ми го земаа телефонот или кредитната картичка, но тоа не функционираше“.

ne-udiraa-ne-zatvoraa-vo-samica-i-po-20-chasa-dnevno-paris-hilton-otkriva-mrachni-detali-od-tinejdzherskite-godini-03.jpg

Кога на нејзините родители, Рик и Кети, им дошло „преку глава“ од однесувањето на Парис, ја испратиле во училиште каде што, наводно, фокусот бил врз менталниот развој на децата. Со други зборови, Парис била испраќана во поправни установи.

17-годишната Парис одела во неколку вакви училишта, но последното, Provo Canyon School, било најлошо. Парис трпела психичко и физичко малтретирање, а останала таму цели 11 месеци.

Како што вели самата, веднаш знаела дека таму ќе ѝ биде полошо од каде било, а малтретирањето било секојдневие.

„Тоа требаше да биде училиште, но училишните часови дефинитивно не беа главниот фокус. Од моментот кога се будев, па сè до вечерта, ми викаа и ме малтретираа“, вели Парис.

ne-udiraa-ne-zatvoraa-vo-samica-i-po-20-chasa-dnevno-paris-hilton-otkriva-mrachni-detali-od-tinejdzherskite-godini-07.jpg

Во документарецот се појавуваат и три соученички на Парис, кои ја потврдуваат нејзината приказна.

„Вработените ни кажуваа ужасни работи. Постојано правеа да се чувствувам лошо и ме малтретираа. Мислам дека целта им беше да нè скршат. Нè удираа и нè давеа. Сакаа да ни влеат страв за да бидеме послушни“, споделува Парис.

Нејзиниот соученик, пак, откриваат дека неретко со сила им давале лекови, па дури и ги врзувале. Парис посакувала да побегне, но кога ја наклеветиле за тоа, вработените ја ставиле во самица.

„Го користеа тоа како казна, некогаш и по 20 часа дневно“.

Тортурата што ја трпела Парис била толку интензивна, што таа секој ден плачела и имала панични напади.

„Бев мизерна. Се чувствував како затвореник и го мразев животот“, се потсетува Парис.

ne-udiraa-ne-zatvoraa-vo-samica-i-po-20-chasa-dnevno-paris-hilton-otkriva-mrachni-detali-od-tinejdzherskite-godini-04.jpg

Уште полошо било тоа што нејзините родители не ги слушале нејзините поплаки. Всушност, таа разговарала со нив на секои 2-3 месеци.

„Бевме одделени од светот. А, кога пробав да им кажам што навистина се случува, се најдов во толкава неволја, што не се осмелив уште еднаш“.

Наводно, вработените во училиштето ѝ го земале телефонот од раце и ги кинеле писмата што им ги пишувала на родителите. Ѝ велеле дека никој нема да ѝ верува. Вработените тврделе дека сите деца во училиштето лажат, па родителите на Парис не знаеле што точно се случува.

ne-udiraa-ne-zatvoraa-vo-samica-i-po-20-chasa-dnevno-paris-hilton-otkriva-mrachni-detali-od-tinejdzherskite-godini-05.jpg

Во 1999-та, кога Парис наполнила 18 години, конечно го напуштила училиштето и се вратила во Њујорк. Но, била премногу исплашена да зборува за она што ѝ се случило.

„Бев благодарна што излегов од таму. Не сакав воопшто да зборувам за тоа. Се срамев“.

Сега, 20 години подоцна, Парис собрала храброст да ја сподели нејзината приказна.

„Мислам дека мојот кошмар заврши. И, ќе го гледам филмот со моите родители. Мислам дека тоа ќе биде добро за нас“.

ne-udiraa-ne-zatvoraa-vo-samica-i-po-20-chasa-dnevno-paris-hilton-otkriva-mrachni-detali-od-tinejdzherskite-godini-06.jpg

Од People се обиделе да побараат изјава од училиштето, но им рекле дека сегашните сопственици го купиле во 2000-та година, па не можат да коментираат за тој период.

Парис, пак, вели дека не планира да покрене тужба, туку само сака да ѝ покаже на јавноста што се случува во ваквите установи.

„Сакам овие места да се затворат. Сакам да преземат одговорност. И, сакам да бидам гласот на децата, кои сега се возрасни, што имале слично искуство. Сакам ова да престане и ќе направам сè што можам во врска со тоа“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *