Љубојно – едно од најубавите села во околината на Преспа (фото)

Во околината на Преспанското Езеро, Љубојно е едно од селата кои го заслужуваат вашето внимание. Сместено во пазувите на планината Баба, чистиот воздух и топлите селани, ќе ви посакаат вистинско добредојде.

ljubojno-edno-od-najubavite-sela-vo-okolinata-na-prespa-01.jpg

Разнобојни фасади на околу 350 куќи се препознатливи за ова село – куќите изградени од камен денес се обновуваат, но се градат и современи домови.

Во центарот на селото е сместена црквата „Св. Јован Богослов“ изградена во 1861 година. Инаку, има 12 цркви и манастири од кои најголем манастир е „Св. Петар и Павле“ до кој се стигнува низ планински пат додека уживате во преубава природа.

Најголем дел од населението се занимава со овоштарство, во главно, производство на јаболка како и во поголемиот дел од селата во околината на Ресен.

Низ атарот на селото тече Брајчинска Река, препознатлива по бистрата вода.

Туристите го сакаат Љубојно заради живописната природа, близината на Преспанското Езеро и вкусната храна.

Задолжително мора да ја посетите етно куќата „Стара чешма“ со традиционални вкусни специјалитети. Овде имате можност и да преноќите.

View this post on Instagram

Feels like home ❤

A post shared by @ ggeshtakovska on

Погледнете некои од најубавите фотки од Љубојно на Инстаграм:

View this post on Instagram

#beautiful places #beautifulpeople

A post shared by Isidora (@isidora9816) on

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *