„Сопругот ја изневерува мојата пријателка, дали да ѝ кажам?“

„Биди подготвена дека секогаш постои шанса таа да ти се истури, да има напад на бес или пак да ја негира ситуацијата и да не сака да прифати…“

soprugot-ja-izneveruva-mojata-prijatelka-dali-da-i-kazham-01.jpg

На интернет кружи искрена исповед на жена што сака да ѝ каже на својата пријателка дека сопругот ја изневерува, а Џена Бирч, авторката на книгата „The Love Gap: A Radical Plan to Win in Life and Love“ и експерт за врски ѝ дава искрен совет.

Исповед на анонимната жена:

„Најдобриот пријател на мојот сопруг ја изневерува жената, но таа ми е пријателка мене и навистина имам товар на душата од ова сознание.

Мојот сопруг ја прифаќа аферата и вели дека не е наша работа да се мешаме. Но, јас сум навистина блиска со неговата жена и сакам да знае што се случува. Сакам да ѝ кажам веќе подолго време, но од друга страна се плашам од рекацијата. Дали може на крај јас да испаднам виновна?“

soprugot-ja-izneveruva-mojata-prijatelka-dali-da-i-kazham-02.jpg

Совет од експертот за врски Џена Бирч:

„Пред сѐ треба да ја слушаш својата интуиција и во ред е да претпоставиме дека повеќето жени би сакале да знаат што се случува доколку се најдат во ваква ситуација, па така најверојатно и твојата пријателка би сакала да ја знае вистината. Всушност, на одредено ниво таа можеби веќе и знае само ѝ се потребни докази за сомнежот.

Првата работа што мора да ја направиш е да го вклучиш сопругот во планот, затоа што тој ти е број еден приоритет и мораш да бидеш лојална кон него. Но, биди непопустлива, кажи му дека ако тој не го убеди пријателот да признае, ти ќе ѝ кажеш на неговата жена.

Идеално сценарио би било да успее да го убеди. Реално пријател е човек кој нѐ тера да постапуваме правилно и морално и да бидеме подобри луѓе.

Но, ако твојот сопруг не сака да преземе акција, тогаш зборувај со жената.

soprugot-ja-izneveruva-mojata-prijatelka-dali-da-i-kazham-03.jpg

Ќе биде тешко сигурно.

Средбата нека биде лице во лице. Избери јавно, но тивко место и потоа кажи ѝ што знаеш и како го знаеш тоа. Дај ѝ точни информации од типот што носел кога си го видела, каде точно бил и слично, за кога ќе се соочува со него да има факти.

Обиди се да ѝ одговориш на сите прашања што ќе ти ги постави и ако побара од тебе дај ѝ искрен совет. Избегни го откривањето на името на љубовницата, освен ако тоа не е некоја нејзина блиска личност, па да треба да креира дистанца.

Замоли ја на нејзиниот сопруг да не му каже од каде ѝ се информациите и ти да останеш анонимна. Но, кога веќе си се одлучила на ваков чекор мора да бидеш подготвена за можноста тој да дознае дека си ти.

Но, да зборуваме за нејзината реакција… Биди подготвена дека секогаш постои шанса таа да ти се истури, да има напад на бес или пак да ја негира ситуацијата и да не сака да прифати. Тогаш повлечи се веднаш, но дади ѝ на знаење дека секогаш си тука за неа за што ѝ да ѝ притреба.

Има шанса дури да не биде ниту шокирана, ниту бесна. Секој брак е различен и навистина не знаеш што се случува во нивниот.

Сепак, заслужуваш аплауз за тоа што се присилуваш да ја направиш вистинската работа. На крајот од денот, жените мора да се грижат за другите жени – тоа е златно правило. Ако ти сакаш да знаеш дали сопругот те изневерува, тогаш во ред е да веруваш дека и твојата пријателка го чувствува истото. Таа заслужува почит.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *