Тест за говор на телото: Која од овие жени крие нешто од вас?

Говорот на телото се однесува на невербалните сигнали коишто ги користиме за да комуницираме со луѓето. Овие невербални сигнали се составен дел од нашата секојдневна комуникација.

Test-za-govor-na-teloto-01.jpg

Изразуваме голем дел од нашите чувства преку начинот на којшто седиме, нашите гестикулации со рацете, брзината со којашто зборуваме или во зависност од тоа дали го гледаме соговорникот во очи или не.

Следниот тест за говорот на телото е забавен начин да откриете дали можете да препознаете кога некој крие нешто од вас.

Што мислите кoja жена крие нешто?

Test-za-govor-na-teloto-02.jpg

Жена бр. 1:

Отворените дланки индицираат дека оваа личност е отворена книга. Сепак некои луѓе намерно разговараат со отворени дланки, а најголем дел од нив го прават тоа несвесно. Оваа жена не ве лаже!

Жена бр. 2:

Говорот на оваа жена индицира дека таа е со многу сомничав карактер. Нејзините нервозни тикови индицираат дека е спремна да ве измами или ако ништо друго, барем да каже мала бела лага. Кога некои луѓе имаат нервозни тикови, тоа најчесто значи дека кријат нешто од вас. Внимавајте!

Жена бр. 3:

Оваа жена е особено заинтересирана за разговорот. Таа е добар слушател и проценува сè што ќе кажете. Начинот на којшто ја потпира брадата на нејзините раце кажува дека таа го слуша секој збор што го кажувате. Таа не крие ништо.

Жена бр. 4:

Нејзиниот говор на телото вреска лажго! Експертите забележале дека кога личноста ја покрива устата со дланката, тоа значи дека таа крие нешто или не ја кажува вистината.

Како се снајдовте? Дали сте експерт за говор на телото?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *