Како до совршена спална соба, инспирирана од најдобрите примери на Pinterest

Спалната соба е најприватното катче во домот, место каде што ги полниме „батериите“, место каде што ги сонуваме најубавите соништа, кое го користиме само за нас. И иако ретко некој може да види како изгледа ова катче, дефинитивно заслужува внимание при уредувањето.

kako-do-sovrshena-spalna-soba-inspirirana-od-najdobrite-primeri-na-pinterest-01.jpg

Спалната соба треба да ги изразува вашите омилени бои, чувства и да биде рефлексија на вашиот карактер. Има неколку главни правила што треба да ги запомните при уредување на спалната соба. Понекогаш немаме избор за големината на спалната соба, а добрата вест е дека малку стратегиско стилизирање и креативно организирање ќе направат малиот простор да изгледа доволно простран.

kako-do-sovrshena-spalna-soba-inspirirana-od-najdobrite-primeri-na-pinterest-02.jpg
kako-do-sovrshena-spalna-soba-inspirirana-od-najdobrite-primeri-na-pinterest-03.jpg

Пред сѐ, спалната соба треба да биде обоена со суптилна боја, која ќе ги одмора и смирува очите. Нежните нијанси на сина, лаванда или зелена боја се сметаат за смирувачки. При додавање на омилените бои, обидете се да ги користите нивните тонирани верзии, односно наместо темновиолетова, одберете боја на лаванда или наместо портокалова, одберете боја на тиква. Доколку сакате да додадете повеќе бои, се препорачува да направите еден карактеристичен ѕид кој ќе ѝ даде посебно обележје на собата. Може тоа да бидат панели, галерија од семејни фотографии од значајни моменти, тапет или темна/металик боја.

kako-do-sovrshena-spalna-soba-inspirirana-od-najdobrite-primeri-na-pinterest-04.jpg
kako-do-sovrshena-spalna-soba-inspirirana-od-najdobrite-primeri-na-pinterest-05.jpg

При бојадисување на ѕидовите, не заборавајте го и таванот, кој е петтиот ѕид во вашата соба. Со цел визуелно да се спушти таванот, бојадисајте го во малку посветла нијанса од другите ѕидови, а може и да додадете некоја суптилна шема.

Спалната соба треба да изгледа удобно и едноставно, па затоа избегнувајте непотребни елементи. Додатоците сведете ги на минимум така што ќе одберете некоја интересна уметничка слика, неколку семејни фотографии, свеќи и цвеќе во контрастни бои, кои покрај декорот ќе обезбедат и подобар квалитет на вашиот сон. Не само што растенијата и цвеќињата помагаат при филтрирање на загадувањето, тие исто така ги елиминираат хемиските токсини (бензен, формалдехид, трихлоретилен итн.). Употребете цвеќиња како јасмин, антриум, лаванда, рузмарин, англиски бршлен и слично.

kako-do-sovrshena-spalna-soba-inspirirana-od-najdobrite-primeri-na-pinterest-06.jpg
kako-do-sovrshena-spalna-soba-inspirirana-od-najdobrite-primeri-na-pinterest-07.jpg

Погрижете се да имате доволно простор во плакарот за да ги сместите сите работи, со цел личниот простор да изгледа уредно и чисто. Покрај плакарот, можете да одберете и наткасни со фиоки, просторот под креветот исто така можете да го искористите како место за складирање, а веднаш до креветот можете да поставите клупа со место за складирање под неа.

kako-do-sovrshena-spalna-soba-inspirirana-od-najdobrite-primeri-na-pinterest-08.jpg
kako-do-sovrshena-spalna-soba-inspirirana-od-najdobrite-primeri-na-pinterest-09.jpg

На тој начин, незабележително додавате повеќе простор за складирање, а не одземате од слободниот.

Вграден плакар над задглавјето на креветот е исто така одличен начин да додадете простор за дополнително складирање кога можеби немате други можности. Овој простор оди точно над и околу креветот и дава прекрасно стилизирано решение за складирање на облека и додатоци.

Следно е „облекувањето“ на спалната. Дозволете си постелнини и завеси од пријатни материјали и богати бои. Постелнината од 100% памук или лен дава чувство на удобност, а правилното одржување ќе овозможи да се чувствувате како во првокласен хотел.

Додавањето на крзнена прекривка или перниче за време на зимскиот период е навистина пријатно освежување на спалната соба. Играјте со текстури, бои и материјали за никогаш да не ви биде здодевно.

kako-do-sovrshena-spalna-soba-inspirirana-od-najdobrite-primeri-na-pinterest-10.jpg
kako-do-sovrshena-spalna-soba-inspirirana-od-najdobrite-primeri-na-pinterest-11.jpg

За крај, поставете светла кои ќе овозможат целосно или делумно осветлување на собата – столни ламби за читање, висечки ламби на двете страни од креветот или бамбусови лустери со цел да и дадете поинаков изглед на собата.

kako-do-sovrshena-spalna-soba-inspirirana-od-najdobrite-primeri-na-pinterest-12.jpg
kako-do-sovrshena-spalna-soba-inspirirana-od-najdobrite-primeri-na-pinterest-13.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *