Од вештачко среќни семејства на бела позадина до реални чувства – како се менуваше комерцијалната фотографија низ годините?

Во минатото сигурно многупати се случило да погледнете фотографија од вештачки насмеано семејство, или лик на бела позадина и веднаш да препознаете дека се работи за комерцијална фотографија, а денес трендовите се менуваат и фотографите следат нешто поприродно – погледнете како се менуваат трендовите низ годините.

od-veshtachko-srekjni-semejstva-na-bela-pozadina-do-realni-chuvstva-kako-se-menuvashe-komercijalnata-fotografija-niz-godinite-01.jpg

Depositphotos, еден од светски водечките сајтови за визуелни содржини, направи проект кој се однесува на еволуцијата на естетиката на stock фотографијата во изминатава деценија.

Проектот „Stock Photography Then and Now“ покрива сè од клише ракувањата и луѓе во бизнис облека со вештачка насмевка кон камерата, па до денешните реални и природни пози, како и факторите кои влијаеле на овие промени низ годините.

Издвоени се неколку главни фактори кои имале влијание на тоа фотографите да го променат пристапот кон комерцијалната фотографија.

Комерцијалните (stock) фотографии влијаат врз нашите секојдневни одлуки на најсуптилен начин. Ги забележуваме речиси секаде, но без да сме свесни – тие се поставени на билборди, постери, онлајн кампањи, па дури може да ги видите и во вашето мејл сандаче.

Ако пред 10 години можевте веднаш да препознаете кога некоја фотографија е комерцијална, денес границата е малку заматена и не е толку забележително. Stock фотографијата мина низ естетска метаморфоза во изминатава деценија, а со тоа Depositphotos стана богатство кое ќе ја обележи оваа еволуција во визуелната комуникација.

Дали понудата и побарувачката ја трансформираа естетиката на комерцијалната фотографија? Што се случи во последните 10 години што комерцијалните фотографии станаа визуелен извор со репутација.

od-veshtachko-srekjni-semejstva-na-bela-pozadina-do-realni-chuvstva-kako-se-menuvashe-komercijalnata-fotografija-niz-godinite02.jpgWavebreakMediaPrem – focusedcollection.com

Од Depositphotos одговараат на овие прашања – влијанието на естетиката на stock фотографијата се протега преку невидливата граница на платформите кои ги користиме – со една единствена причина – да ја најдеме таа совршена фотографија.

od-veshtachko-srekjni-semejstva-na-bela-pozadina-do-realni-chuvstva-kako-se-menuvashe-komercijalnata-fotografija-niz-godinite03.jpgeverett225 – depositphotos.com

Кратка историја на stock фотографијата

Поминавме долг пат од времето кога си разменувавме слики на CD, а уште подолг од периодот кога чувавме физички архиви со фотографии.

Во првите 80 години од постоењето на бизнисот со комерцијална фотографија, напредокот се однесува повеќе на нови бизнис модели и технолошки напредок.

Првата агенција за комерцијални фотографии била создадена во 1920-ите, што значи дека овој бизнис годинава слави 100 години. Агенцијата била создадена како решение за издавачите и весниците да имаат полесен пристап до фотографии, без да организираат наменски фотосесии. Во тој период, процесот бил малку покомплициран, со оглед на тоа што морало да се прочепка низ физички архиви и рачно да се пребаруваат фотографии и принтови додека да се најдат вистинските.

’90-ти години

Во ’90-ите години, дигитализацијата на овој процес и Интернетот го истапкаа патот за microstock платформите кои ги заменија агенциите, со што комерцијалната фотографија стана бизнис. Движејќи се кон 2000-ите, комерцијалната фотографија претставуваше пристапност, достижност и удобност, не само за издавачите и весниците, туку и за уметничките директори, веб дизајнерите, маркетинг агенциите и индивидуите, со што настана експанзија на клиентелата над очекуваните граници. Целта на бизнисот? Зајакнување на визуелната комуникација на светско ниво, за ситни пари.

od-veshtachko-srekjni-semejstva-na-bela-pozadina-do-realni-chuvstva-kako-se-menuvashe-komercijalnata-fotografija-niz-godinite04.jpgbelchonock – depositphotos.com

2000-ти години

Во овие години работите станаа поинтересни, бидејќи платформите за комерцијална фотографија подлежеа на драматични промени благодарение на напреднатата технологија и зголемената побарувачка од нови потрошувачи. Изгледот на типична stock фотографија стана феномен, а кон 2009-та веќе станува евидентно дека комерцијалната фотографија се движи во нова насока, од креативен аспект.

od-veshtachko-srekjni-semejstva-na-bela-pozadina-do-realni-chuvstva-kako-se-menuvashe-komercijalnata-fotografija-niz-godinite05.jpgpotowizard – depositphotos.com

Што се случуваше во последните 10 години со понудата и побарувачката на комерцијална фотографија?

od-veshtachko-srekjni-semejstva-na-bela-pozadina-do-realni-chuvstva-kako-se-menuvashe-komercijalnata-fotografija-niz-godinite06.jpgdepositedhar – depositphotos.com

Доцни 2000-ити години

Ако се навратиме на 2009-та, концептот на библиотеката на Depositphotos, вклучуваше многу flash фотографија, со често користење на едитирање и манипулирање на острината, познатиот блиц ефект, светлина и контраст на боите, модели со ветер во коса, силуети и други класични концепти и идеа беа дел од побарувачката.

Доцните 2000-ти понудија брзи решенија за генералните концепти како – тимска работа, успех, класично среќно семејство. Карактеристиките на фотографиите вклучуваа студиско осветлувања, постпродукција до максимум, слики од модели и објекти на бела позадина, изолирана позадина и традиционална композиција.

od-veshtachko-srekjni-semejstva-na-bela-pozadina-do-realni-chuvstva-kako-se-menuvashe-komercijalnata-fotografija-niz-godinite07.jpgWestend61 – depositphotos.com

2010-ти години

Дури и по една деценија, транзицијата од клишеа во комерцијалната фотографија, беше бавна. Фотосесиите беа најчесто за комерцијални проекти во овие години, а продуктот беше „море“ од многу генерички и универзални фоторафии кои презентираат широк ранг на различни концепти. Клишеата постојано се развиваа и надополнуваа, беа испратени во систен и дистрибуирани.

Иако во овој период преовладуваа фотографии со бела позадина, сепак имаше некаков напредок и влез на нови клиенти. Маркетинг агенциите полека ги напуштаа комерцијалните трендови кои беа ин во овој период, а комерцијалната фотографија полека се приспособуваше на побарувачката на пазарот.

od-veshtachko-srekjni-semejstva-na-bela-pozadina-do-realni-chuvstva-kako-se-menuvashe-komercijalnata-fotografija-niz-godinite08.jpgracorn – depositphotos.com

Денес

Побарувачката која можеше да се забележи во 2000-ите, е многу тешко да се најде во денешната библиотека на Depositphotos. Тоа се чисти фотографии, спонтани пози од секојдневието, минималистичка естетика, реални луѓе, природна светлина и намерно нагласување на несовршеностите,

Во 2019-та, клиентите и фотографите го ставија во приоритет расположението и чувствата на фотографија и обрнуваат помалку внимание на технички коректните фотки. Денешниот пазар го дефинираат реални фотографии и уникатна перспектива, со презентација на различни култури и позадини.

od-veshtachko-srekjni-semejstva-na-bela-pozadina-do-realni-chuvstva-kako-se-menuvashe-komercijalnata-fotografija-niz-godinite-09.jpgpat138241 – depositphotos.com

Главни влијанија врз естетиката на комерцијалната фотографија

Рекламирање со содржина

Улогата на фотографијата во рекламирањето порано се гледаше како материјал за поддршка кој помага за продавање продукти и услуги. Ова најчесто беа типични фотографии од среќни луѓе кои уживаат во животот и покажуваат како продуктите им го прават животот подобар. Денес, се работи за фотографии кои продаваат животен стил, а тоа го однесе рекламирањето на едно ново ниво.

Нов е начинот на кој фотографите одбираат да ги прикажат големите концепти за рекламирање – и кога станува збор за изведба, но и за уметничка визија. Фотографиите имаат поголема содржина. Ова значи дека се фокусираат на расположение, атмосфера и уметничка насока на сцената. Објектите со изолирана позадина веќе не доаѓаат предвид и тоа поглавје е завршено засекогаш.

Пренасочувањето онлајн дефинитивно направи простор за повеќе објекти, метафора во сликите и содржина за споделување. Овие влијателни фактори исто така се одразуваат на уметноста и бизнисот на глобално ниво.

„Пазарот се промени многу во последните 7-8 години. Комерцијалните платформи беа преплавени со просечна содржина, никој не сакаше да работи таму. Но, сега тоа е променето и тоа многу! Не ме изненадува да можам да најдам одлична фотка која ми одговара на потребите за сериозен, голем проект и да ме чини помалку – процесот на барање на stock сајт е помалку стресен и заштедува време.“ – вели MARIO AV, stock фотограф кој работи 4 години

od-veshtachko-srekjni-semejstva-na-bela-pozadina-do-realni-chuvstva-kako-se-menuvashe-komercijalnata-fotografija-niz-godinite10.jpgAnnaGribtsova – depositphotos.com

„Прилив“ на нови клиенти

Во традиционалното рекламирање со сигурност не била предвидена еволуција на нов сегмент на рекламирање – еволуцијата на медиумите. Доаѓањето на новите клиенти на сајтовите за комерцијална фотографија не беше само од страна на агенции, туку и уредници, дизајнери и индивидуи со сопствени потреби. Ова создаде простор за проширување на библиотеките со комерцијална фотографија со нови содржини, надминувајќи ги класично, популарните категории.

Новите клиенти значат и нова побарувачка, па библиотеките почнаа да добиваат нови теми со содржина за помали компании, онлајн бизниси, старт-ап-и, па дури и приватни корисници кои сами си водат блогови. Ова резултираше со експанзија на библиотеки и портфолија.

Онлајн рекламирањето и новите клиенти се повеќе насочени кон продавање на животен стил – промовирање вредности, прикажување расположените и промовирање на уметничка визија со помош на интернационални фотографи. Ниту една тема не останува непокриена.

„Медиумите и големите компании имаат огромно влијание, бидејќи ние нудиме фотографии кои се дел од нивната побарувачка. Теми кои сега ги покриваме, а претходно не биле презентирани, се – проблеми со животна средина, ментално здравје и луѓе кои живеат со физички пречки.“ – Graham (DGLimages), stock фотограф кој работи 20 години

od-veshtachko-srekjni-semejstva-na-bela-pozadina-do-realni-chuvstva-kako-se-menuvashe-komercijalnata-fotografija-niz-godinite11.jpgkapitonenko – depositphotos.com

Социјални мрежи и аматерска фотографија

Ерата на социјалните медиуми отвори нови можности не само за професионалните фотографи, туку и за аматерите. Фотографијата стана интегрален дел од секого кој е заинтересиран за ова поле.

Ова влијаеше на комерцијалната фотографија така што се направи простор за помалку совршени композиции, бидејќи повеќе фокус се дава на фотографии кои ја откриваат убавината на секојдневниот живот.

Социјалните мрежи ги охрабрија сите да земат камера или телефон во раце и да ѝ дадат шанса на фотографијата. Ловењето секојдневни моменти инспирираа креативност и овозможи секој да проба што значи фотографија.

Се испостави дека професионалната камера веќе не е стриктно неопходна, дури и во комерцијалната фотографија.

„Автентичните и природни фотографии сега се повеќе ценети од технички совршените комерцијални портрети кои беа познати до 2000-ите години. На страната на понудата, јасно е дека сега има повеќе диверзитет и можности за комерцијалните фотографи, бидејќи сега е полесно да се придонесе.“ – DGT Portraits, професионален фотограф, работи 6 години

od-veshtachko-srekjni-semejstva-na-bela-pozadina-do-realni-chuvstva-kako-se-menuvashe-komercijalnata-fotografija-niz-godinite12.jpgRawpixel– depositphotos.com

Свет во кој мобилниот телефон е на прво место

Со поврзувањето со онлајн платформите, следеа и промени во технологијата. Социјалните мрежи примарно се користени на мобилни телефони, па сајтовите за комерцијална фотографија започна интеграција на мобилна фотографија во своите библиотеки, како и вертикални фотографии за да бидат погодни за социјалните мрежи.

Со тоа се претстави уште еден бран во естетиката – содржина која предизвикува реакции и е лесно споделива.

Готовите фотографии за социјални мрежи беа во голема побарувачка последниве неколку години.

„Пред смартфоните да бидат толку значајни, повеќето од нас пребаруваме слики преку сајтови на десктоп во хоризонтална ориентација. Денес тие хоризонтални слики не изгледаат добро на мобилните екрани. Во поглед на естетика, фотографијата мора да биде вредна за да го стопирате скролањето, а ова е многу тешко бидејќи конкуренцијата е голема.“ – – DGT Portraits, професионален фотограф, работи 6 години

od-veshtachko-srekjni-semejstva-na-bela-pozadina-do-realni-chuvstva-kako-se-menuvashe-komercijalnata-fotografija-niz-godinite13.jpgRawpixel – depositphotos.com

Камери без огледало и други напредоци во технологијата

Унапредувањето и зголемувањето на достапноста на кемерите им помогна на фотографите полесно да станат дел од microstock платформите. Камерите без огледало им дадоа поголема флексибилност и овозможија фотографијата да биде природно интегрирана во секојдневието. Секој може да има полесна и подостапна камера со себе и да направи фотографија со конкурентски квалитет.

Денес многу повеќе фотографи инвестираат во лесни алтернативи на DSLR и го истражуваат светот, носејќи ги секаде со себе камерите.

Уште една добра работа од напредокот на технологијата направи место за ноќна фотографија. ISO подлежеше на најголема трансформација во 2002 – лимитот на ISO се искачи на 6400. Ова имаше значително влијание врз ноќната фотографија и истражувањето на просторите во лоши околности на осветлување.

„Технологијата многу напредна во овие 6 години. Опремата која порано беше многу скапа или воопшто не постоеше, сега е лесно достапна за повеќе луѓе. Ова прави луѓето со добро, основно познавање од фотографија, да може да создаваат совршени фотографии. Тоа создава повеќе конкуренција и потреба за добри фотографи да се приспособат и да останат на врвот.“ – Logan Bannatyne, фотограф, работи 6 години

od-veshtachko-srekjni-semejstva-na-bela-pozadina-do-realni-chuvstva-kako-se-menuvashe-komercijalnata-fotografija-niz-godinite14.jpgJulyPI – depositphotos.com

Одбивање на пост-продукција

Ако постои уште нешто од што може да се збогуваме, тоа дефинитивно е HDR фотографијата. Сè помалку и помалку обработени фотографии се наоѓаат на првите страници од microstock платформите. Причината за ова е делумно потребата за што поавтентична содржина, што е спротивно на контрастот од кој болат очи.

Во последно време се одбива и екстремното ретуширање, предводено од #ShowUs движењето, што повикува на избегнување на ретуширање на фотографиите.

Претерано преработените фотографии не ги сака публиката и остава впечаток на нешто што не постои. Ерата на лажни идеални и HDR фотографија е веќе одамна помината.

„Кога почнав да работам, фотографиите со интензивно измазнување и заматување на кожата беа во голема побарувачка. Беа во мода и се сметаше дека ретуширањето не е забележливо. Овој тренд е од 90-ите кога луѓето го открија софтверот за едитирање и го користеа претерано. Сега на купувачите им е смачено од измазнети лица и бараат фотографии со невидливо или поприродно ретуширање.“ – Viktor Gladkov, фотограф, работи 8 години

od-veshtachko-srekjni-semejstva-na-bela-pozadina-do-realni-chuvstva-kako-se-menuvashe-komercijalnata-fotografija-niz-godinite15.jpgsimbiothy – depositphotos.com

Индивидуален пристап кон комерцијалните фотографии

Последната промена во естетиката на комерцијалната фотографија е консензусот помеѓу клиентите и фотографите, за содржина која не е само автентична, туку и инклузивна и во линија со трендовите.

Ова значи дека во ова време популарно е фотографите да имаат свој печат, односно да се фокусираат да се истакнат индивидуално во фотографијата наместо да следат генерички концепти.

Промовирањето на сопствениот стил е пренасочување од совршени фотографии до истакнување на несовршеностите. Зборуваме за криење на недостатоците со тоа што ќе бидат истакнати. Намерно.

Ова има големо значење во инклузивност бидејќи ги покажува реално луѓето и го илустрира светот без филтер.

„Сè се промени. Она што претходно беше достапно на Getty, сега е препуштено на microstock. Стилското и естетското се променија драстично. Има уште побарувачка за фотографии со бела позадина, но има милиони такви и сега е време да експериментираме со композиција и идеи.“ – Iaroslav Danylchenko, stock фотограф, работи 10 години

od-veshtachko-srekjni-semejstva-na-bela-pozadina-do-realni-chuvstva-kako-se-menuvashe-komercijalnata-fotografija-niz-godinite16.jpgrossandhelen – depositphotos.com

2020 и пошироко: Оригиналност + креативност + емотивна содржина

Сите напоменати движења, идеа и вредности покажуваат дека комерцијалната фотографија останува релевантна и им дава ноз изглед на старите концепти. Клишеата постојат, но се помалку бројни. Индустрријата нуди и продолжува да нуди нови и креативни решенија, фокусирајќи се на фотографии кои не оставаат никого рамнодушен.

od-veshtachko-srekjni-semejstva-na-bela-pozadina-do-realni-chuvstva-kako-se-menuvashe-komercijalnata-fotografija-niz-godinite17.jpgvientocuatroestudio – depositphotos.com

Depositphotos полни 10 години: Гледаме кон иднината на stock фотографијата

Како што се менува светот, евидентно е дека мора да се менува и комерцијалната фотографија. Она што е во побарувачка денес и визијата која фотографите ја имаат, дефинитивно не е нешто што било приоритет пред година, две или 5.

Има потреба од поголема лична конекција – за клиентите, фотографите и секојдневните корисници. Нема простор за нешто што нема културен или визуелен импакт. Комерцијалната фотографија е сепак под влијание на моменталната култура.

Естетиката на stock фотографијата помина долг пат во овие 10 години и традиционалното брзо беше заменето со цели нови светови кои изгледаат пооригинално и креативно.

Посебна благодарност до фотографите кои придонесуваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *