Љубовен хороскоп за септември 2020: Биковите ќе бидат љубоморни, Раковите ќе имаат средби со бившите

Што ќе ви донесе месец септември на поле љубов? Дали конечно ќе ги смирите односите со партнерот, ќе завладее нова тензија или пак конечно ќе заиграте со отворени љубовни карти?

ljuboven-horoskop-za-septemvri-2020-bikovite-kje-bidat-ljubomorni-rakovite-kje-imaat-sredbi-so-bivshite-01.jpg

Какви промени ве очекуваат во љубовта? Дали има шанси за сериозна врска или повторно ќе биде уште една кратка, слатка авантура?

Што ви носи септември?

Овен

Ако сте во врска:

Ќе се појави голема напнатост во односот со вашиот партнер. Ќе имате различни ставови околу домашните и семејни обврски. Вашиот партнер ќе ве запоставува за сметка на кариерата. Дури по некоја сериозна кавга кон крајот на месецот ќе се разбуди заспаната страст во вашата врска.

Ако сте слободни:

Големата несигурност околу својот изглед ќе ве осуди на неуспех во обидот да ја привлечете личноста што ви се допаѓа. Некој друг е можно да се најде на местото кое го посакувате и кај вас ќе има доза на љубомора. Можна е страсна авантура со некој познаник, а кон крајот на месецот ќе се вљубите во личност која ќе ве маѓепса со физичкиот изглед. Без размислување ќе стапите во интимни контакти.

Бик

Ако сте во врска:

Со партнерот ќе дојде до разидување и нема да можете да се договорите околу некои заеднички планови. Во вашиот однос ќе се вовлечат љубомора и сомнеж. Партнерот ќе ве обвини дека криете нешто од него. Избегнувајте неискреност и направете компромис за некои работи. Отворете ги картите и отворено проговорете за тајните, само така ќе го стабилизирате односот.

Ако сте слободни:

Ќе ве привлече личност која не е слободна и која отворено ќе ви каже дека ѝ се допаѓате и сака со вас тајна, интимна врска. Помеѓу вас ќе се појави силна страст и можно е да не успеете да одолеете. На почетокот ќе уживате во секој миг минат заедно, но потоа ќе сфатите дека од оваа личност барате повеќе од што таа е подготвена да ви даде. Но, за среќа, преку работа ќе запознаете некој кој сака комплетно да ви се посвети само вам.

Близнаци

Ако сте во врска:

Конечно ќе решите многу работи кои ви беа во застој со саканата личност. Монотонијата која долго ве гушеше ќе биде заменета со интересни заеднички активности. Еден за друг ќе започнете да откривате нови работи. Ќе си бидете најголема поддршка и одлично ќе се забавувате во секој миг минат заедно.

Ако сте слободни:

Огромна е веројатноста да запознаете личност со која ќе можете да влезете во убава и хармонична љубовна врска. Средбата ќе се случи спонтано, но брзо ќе откриете дека имате многу заеднички интереси. Овој партнер ќе биде тоа што си го посакувавте одамна. Ситните конфликти ќе ги решите брзо.

Рак

Ако сте во врска:

Ќе бидете многу емотивни и чувствителни, а вашиот партнер студен и незаинтересиран, па тоа ќе доведе до кавги. Ќе сметате дека тој не ви ја дава емоционалната поддршка што ви е потребна. Но, по искрен разговор со него, работите ќе се подобрат и заедно ќе се стремите кон реализирање на поставените цели. На моменти ќе си бидете дури и блага и позитивна конкуренција еден на друг.

Ако сте слободни:

Ќе имате средби со личности со кои во минатото сте биле во емотивни врски. Ќе се сетите на старите добри мигови и можно е дури и обновување на врската со некој од поранешните партнери. На почетокот ќе чувствувате оптимизам и среќа, но потоа ќе се судрите со истите пречки како во минатото.

Лав

Ако сте во врска:

Ќе се појави доза на недоверба помеѓу вас и партнерот. Ќе откриете дека тој криел нешто од вас и ќе се чувствувате издадено и разочарано. Само со отворен разговор ќе успеете да ја пополните емоционалната празнина и да го решите проблемот. Во втората половина од месецот ќе сфатите зошто вреди да ја сочувате својата врска.

Ако сте слободни:

Ќе наидувате на личности кои нема да ги задоволуваат вашите критериуми. И додека на видикот нема да имате ништо квалитетно еден поранешен партнер ќе се обиде да ве наговори да ја обновите врската. За среќа, нема повторно да паднете на шармот на оваа личност. Некој што на прв поглед не ве заинтересира многу ќе успее да ви го привлече вниманието.

Девица

Ако сте во врска:

Со партнерот ќе бидете во похармоничен однос од кога било. Еден на друг ќе си бидете најголемата поддршка и ќе знаете како да си внесете радост во секојдневието. Избегнувајте манипулација и неискреност, ако не сакате истото да ви биде сервирано и вам. Единствено несогласувања ќе имате околу некои заеднички финансиски вложувања.

Ако сте слободни:

На почетокот од месецот ќе запознаете личност која ќе ви изгледа како остварување на сите ваши соништа. Уште на прв поглед ќе сфатите дека си се допаѓате еден на друг. Само внимавајте очекувањата да не ви бидат поставени превисоко и на крај да дојде до разочарување.

ljuboven-horoskop-za-septemvri-2020-bikovite-kje-bidat-ljubomorni-rakovite-kje-imaat-sredbi-so-bivshite-02.jpg

Вага

Ако сте во врска:

Ќе бидете зафатени со работните обврски и ќе го запоставите партнерот, па ќе дојде до несогласувања. Ќе најдете време за сите други, но не и за партнерот. Тоа кај него ќе предизвика нервоза и љубомора, а можно е дури и завист на вашиот професионален успех. Обрнете му малку повеќе внимание и вратете ја љубовната хармонија.

Ако сте слободни:

Многу брзо ќе се впуштите во врска со некоја личност, но уште на старт ќе сфатите дека не си одговарате карактерно и ќе дојде до љубоморни сцени. Ќе има страст, но ќе нема разбирање. Ќе ви годат и комплиментите од некој поранешен партнер.

Скорпија

Ако сте во врска:

Во врската ќе ви настапи монотонија и заладување на односите. Нема да се согласувате околу некои важни работи, а можна е и љубомора. Овој период не е соодветен за заедничко патување. Бидете отворени за компримиси во кругот на домот и покажете нежност кон партнерот.

Ако сте слободни:

Со некој познаник ќе бидете во кавга поради тоа што ќе се вљубите во иста личност. Сепак, ќе станува збор само за краток и безначаен флерт. Во втората половина од месецот ве очекува стапување во врска со созреана и искрена личност. Можно е тоа да прерасне во нешто многу сериозно.

Стрелец

Ако сте во врска:

Со партнерот си ја давате потребната доза на љубов и нежност и со заеднички сили ќе успеете да ги реализирате важните животни цели. Но, во втората половина на септември ќе се посветите на дружбите со пријателите и малку ќе го запоставите партнерот. Ќе биде во променливо и тензично расположение.

Ако сте слободни:

Вашата ведрина, интелигенција, смисла за хумор и комуникативност ќе направат некоја личност вртоглаво да се вљуби во вас. Ќе имате интензивни средби на кои за жал може да сфатите дека имате спротивни ставови на многу теми. Размислете само да не запоставувате некоја личност околу вас која ве гледа со очи полни љубов.

Јарец

Ако сте во врска:

Со партнерот ќе ви се оладат односите поради различни потреби во љубовта. Вие ќе бидете затворени и концентрирани на себе и ќе избегнувате блискост. Вашиот партнер ќе биде чувствителен и ќе го повредувате со своето однесување. Посветете се малку повеќе на обврските во домот.

Ако сте слободни:

Преку некои заеднички активности ќе запознаете личност со која ќе имате интелектуални дебати и спонтано ќе се развие силна емотивна врска. Нејзината позитивна енергија ќе ви биде возбудлива и ќе уживате во секој миг минат со неа. Подгответе се за забавни авантури.

Водолија

Ако сте во врска:

Со партнерот конечно ќе постигнете договор околу вложување во некој заеднички имот. Ќе бидете поинтимно поврзани од било кога. Можно е да бидете мотивирани да отидете на некое заедничко забавно интервју.

Ако сте слободни:

Ќе запознаете некоја личност што ќе ви го привлече вниманието. Ќе сфатите дека со неа на многу начини се дополнувате. Вашата позитивна енергија ќе направи да не ве држи место и да бидете двигател и за саканата личност. Ќе ѝ приредите незаборавна авантура.

Риби

Ако сте во врска:

Со партнерот ќе имате искрена комуникација и повеќе забава, излегувања, дружби, како и многу заеднички активности. Ќе се согласувате за многу работи и ќе избегнувате неизвесност. Криењето тајни е единствената работа која може да фрли сенка на вашата врска.

Ако сте слободни:

Во некоја личност ќе се вљубите на прв поглед, но таа нема да биде подготвена за емотивна врска, туку само за авантура. Но, некое површно пријателство можно е да се продлабочи и да се претвори во емотивна врска. Внимавајте само да не го изгубите брзо интересот за оваа личност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *