8 совети за поинтензивен оргазам

Оргазмите се врвот во сексот, но за многу луѓе претставуваат енигма.

8-soveti-za-pointenziven-orgazam-01.jpg

Додека на мажите обично не им е проблем да постигнат оргазам, жените се сосем друга приказна. Некои од нив тешко го стигнуваат врвот, а некои ни воопшто не доживуваат оргазми.

Ако и вие сте во ваквa ситуација, тогаш сигурно ќе ви се најдат следниве совети:

Стимулација на вистинското место

На гениталиите има многу нервни завршетоци, а некои делови се сочувствителни од другите. Симулирањето на овие почувствителни делови може да ви помогне полесно да доживеете оргазам, и тоа многу поинтензивен.

Клиторис: Клиторисот е важна ерогена зона на женското тело и во споредба со пенисот, има многу повеќе нервни завршетоци. Видливиот дел од клиторисот е најчувствителен, па неговата стимулација може да води до навистина интензивни оргазми.

Г-точка: Некои велат дека Г-точката не постои, но некои се колнат во нејзината моќ. Се верува дека оваа точка е сместена во вагиналниот канал и може да се стимулира со пенетрација. Истовремено, Г-точката може да се стимулира и со прсти или секс-играчка, како вибратор.

П-точка: Таканаречената П-точка е ерогена зона кај мажите и се однесува на простатата. Простатата е сексуална жлезда, која е дел од репродуктивниот систем на мажите и многу секс терапевти тврдат дека нејзиното стимулирање може да води до интензивен оргазам. За стимулација на овој дел, масирајте ја областа под тестисите.

Техники за свесност и релаксација

Кога сте порелаксирани, многу повеќе ќе уживате во сексот и многу полесно ќе доживеете оргазам.

Истовремено, колку сте посвесни за време на сексот, толку повеќе ќе уживате. Ова значи вашите мисли да бидат целосно насочени кон чинот, но и да учествувате во сексот со сите ваши сетила.

На овој начин повеќе ќе ги чувствувате допирите на партнерот и уживањето ќе биде поголемо.

8-soveti-za-pointenziven-orgazam-02.jpg

Мастурбација

Мастурбирањето ќе ви помогне да имате почести и поинтензивни оргазми кога сте со партнер. Кога мастурбирате, вие го истражувате вашето тело и согледувате што ви се допаѓа најмногу. Потоа, можете да го примените ова и во сексот со партнер.

Сепак, кога станува збор за мастурбација, не заборавајте дека порнографските филмови не даваат реална слика за сексот, па не се потпирајте премногу на нив. Истовремено, не го споредувајте вашиот сексуален живот со она што го гледате на овие филмови.

Од помош може да биде и заедничката мастурбација – вие да го гледате партнерот, или тој вам. Со ова дефинитивно ќе ја зголемите сексуалната возбуда, повеќе ќе уживате во сексот и полесно ќе го достигнете врвот.

Фокусирајте се на предиграта

Неретко луѓето ја прескокнуваат предиграта, но таа е многу важна, особено за жените. На вагината ѝ е потребно време да се навлажни, а предиграта го овозможува токму тоа.

Истовремено, бидејќи на жените им е потребна подолга стимулација за оргазам, со предигра се зголемуваат шансите да го доживеат. Всушност, ако сте жена и отворено му кажете на партнерот што ви се допаѓа за време на предигра, можете да го достигнете врвот и пред пенетрацијата.

8-soveti-za-pointenziven-orgazam-04.jpg

Справете се со анксиозноста

Многу луѓе се анксиозни во врска со нивниот перформанс во креветот, но ова само им го ускратува уживањето.

Кога сте анксиозни, веројатно се фокусирате само на задоволството на партнерот, па тешко дека ќе доживеете оргазам. Не заборавајте дека во сексот треба да уживате и двајцата.

Одложување на оргазмот

Во овој случај, ако вие или партнерот сте пред оргазам, треба да престанете со сексуалната стимулација, а потоа да продолжете пак.

Со ова одложување, оргазмот ќе биде многу поинтензивен.

8-soveti-za-pointenziven-orgazam-03.jpg

Разговарајте за вашите сексуални фантазии

Иако на некои луѓе им е срам од нивните сексуални фантазии, мечтаењето за секс е сосем нормална работа, па дури и добра за вашето здравје.

Штом сте со партнер на кого му верувате, треба да разговарате и за вашите фантазии. Без разлика дали тоа е користење играчки, глумење или што било, кога партнерот ќе ви ги реализира фантазиите, сексот ќе биде многу повозбудлив.

Се разбира, во овој случај треба да разговарате и за вашите граници во сексот.

Правете Кегелови вежби

Овие вежби ги зајакнуваат мускулите околу карлицата, а кога овие мускули се цврсти, обично оргазмите се поинтензивни. А, ова не важи само за жените, туку и за мажите. Некои експерти сметаат дека Кегеловите вежби можат да им бидат од корист на мажите кои имаат проблеми со прерана ејакулација.

За да ги изведите овие вежби, осигурете се дека мочниот меур е празен, а потоа стегнувајте ги и опуштајте ги карличните мускули, како да сакате да го сопрете дотокот на урина.

Најдоброто за овие вежби е што можете да ги правите каде и да сте.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *