Кратки „црн хумор“ вицеви кои неетички ќе ве насмеат до солзи

Колку и да не сакаме да признаеме, понекогаш најкратките и вицовите исполнети со доза црн хумор нè смеат најслатко. Секако, не е најетички, но сите сме луѓе со маани, а смеата е здрава, па време е да се расположите со неколку вицеви од овој тип:

Kratki-crn-humor-vicevi-koi-neeticki-ke-ve-nasmeat-01.jpg

Каде е комшијата Драган?

– Умре.

Паметно.

Како знаеш дека сопругата ти е мртва? – Сексот е ист, само садовите во мијалникот се трупаат.

Маж се буди после неколку месеци поминати во кома во болницата. До него седи жената облечена во црнина, полека го трга превезот и му вели: На тебе навистина човек не може да се потпре.

Уф, добро е што вирусов е кинески, замисли да беше оригинал.

Зошто Смарт е најсигурниот автомобил на светот? – Затоа што може да загинат најмногу две личности.

Човек ја прашува библиотекарката – може ли да позајмам некоја книга со самоубиство?

 – Ма немој, па после да не ми ја вратиш никогаш.

Во Чернобил, детенце добива петка по физика. Кога го прашуваат како успеал да добие петка, тоа вели: па две глави размислуваат подобро од една.

Гостин, на келнерот: извинете, да не имате шеќер? Да господине.

– Ауф, незгодно брате, дедо ми умре од тоа.

Колку пати сум рекол „жими мајка“, мајка ми и добро се држи…

Фејсбук статус на поп: Лајк и ќе ти го осветам профилот.

Доаѓа крајот на светот во Македонија. Се врти околу себе и си вели: ама јас како да сум бил тука веќе. И си заминува.

Водоинсталатерот со германско потекло ми ја спои цевката од плинот на тушот. Изгледа старите навики умираат тешко.

Мојот маж повеќе не пие, не дреме по кафеани, не оди по жени…

– Навистина, а колку време не го прави веќе тоа?

Па еве утре точно 40 дена.

Најнова вест: на саемот за книга во Сараево продадени 21.648 ќебапчиња!

Што е недефинирано чувство?

– Кога тештата ќе го слупа твојот нов автомобил и ќе погине во сообраќајката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *