„Шефот ќе ти покачи плата да ми купиш играчки“ – Нови видеа со најслаткото девојче од Србија

3-годишната Николија е хит на Инстаграм со нејзините изјави како да е возрасна, дружбата со другарчето Пајо и уживањето во храната, а сето тоа го документира нејзината мајка Андријана.

shefot-kje-ti-pokachi-plata-da-mi-kupish-igrachki-novi-videa-so-najslatkoto-devojche-od-srbija-01.jpg

Малечката Ники звучи како да е веќе голема девојка, а кога ќе слушнете дел од разговорите што ги води со мајка ѝ, нема да поверувате дека има само 3 годинки.

Нејзината мајка, Андријана, редовно објавува нови видеа на кои може да забележиме дека секојдневието со Ники воопшто не е здодевно, а на сите нас ни го разубавува денот нејзиниот сладок глас и смешни изјави.

Ужива во храна, сака да се дружи со другарчето Пајо, а се лути кога тој не ѝ посветува доволно внимание, обожава да се шлапка во вода, знае да чисти по дома и да ѝ дава совети на мајка ѝ како да ѝ ја зголемат платата.

Доза позитива со најдобрите нови видеа од Николија:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *