„Зад сиот гламур се криеше скршена жена“ – трагичниот живот на Мерилин Монро

Мерилин Монро, родена како Норма Џин, глумела „наивна русокоса“ додека го губела сопственото јас.

zad-siot-glamur-se-krieshe-skrshena-zhena-tragichniot-zhivot-na-merilin-monro-01.jpg

Сите ја знаеме Мерилин Монро како насмеана русокоса која секогаш изгледала беспрекорно. Но, зад оваа насмевка, Мерилин успешно ја криела несигурната Норма Џин.

Во продолжение погледнете неколку факти за животот на оваа ѕвезда кои ќе ви покажат колку всушност не знаеме за неа:

Пораснала без родители

Мерилин е ќерка на Гледис Бејкер, но не се знае кој е нејзиниот татко. Мајка ѝ, пак, ја оставила во сиропиталиште кратко по нејзиното раѓање.

Поради финансиски проблеми, Гледис се грижела за Мерилин, тогаш Норма, само за викендите, но кога ѝ се стабилизирала ситуацијата, ја вратила дома. За жал, не поминало многу време пред Гледис да добие дијагноза за шизофренија и да биде хоспитализирана.

До крајот на нејзиниот живот, Гледис речиси никогаш не ја контактирала Мерилин, па девојчето живеело во други семејства, кај пријатели или во сиропиталиште.

Во периодот кога детството ѝ било најтешко, кога имала 5 години, Мерилин почнала да сонува да биде актерка.

zad-siot-glamur-se-krieshe-skrshena-zhena-tragichniot-zhivot-na-merilin-monro-02.jpg

Три пропаднати бракови

На 16 години, Мерилин се вљубила во многу постар маж, а за да може да живее со него во друга држава, се венчала и се отпишала од училиште.

Една година после венчавката, Мерилин почнала да работи во фабрика за авиони, а токму овде ѝ се насмевнала среќата – била забележана од фотограф кој ѝ понудил да биде модел. Оттука, нејзината кариера тргнала во нагорна линија, но на сопругот не му се допаѓало ова, па се развеле.

Слично сценарио доживеала и со вториот сопруг – бејзбол играчот Џо Димаџо. Наводно, спортистот бил многу љубоморен и не му се допаѓала популарноста на Мерилин, па бракот не траел долго.

И третиот брак на ѕвездата заврши со развод. Според гласните, нејзиниот трет сопруг – режисерот Артур Милер – почнал да мисли дека е финансиски зависен од Мерилин, а таа, пак, сметала дека не е доволно добра за него.

zad-siot-glamur-se-krieshe-skrshena-zhena-tragichniot-zhivot-na-merilin-monro-03.jpg

Ментални проблеми скриени зад широка насмевка

Во очите на јавноста, Мерилин изгледала сè подобро и подобро, но во реалноста, се чувствувала како да го губи сопственото јас. Направила бројни корекции во изгледот, и иако ја сметале за најубавата жена, таа немала никаква самодоверба.

Според нејзин пријател, Мерилин имала дислексија и пелтечела, а поради кошмарите страдала и од несоница. Како ова да не е доволно, Мерилин имала и биполарно нарушување, но и бројни други физички проблеми.

„Таа земаше и секакви лекарства за да се справи со притисокот од Холивуд“, изјавил нејзиниот пријател.

zad-siot-glamur-se-krieshe-skrshena-zhena-tragichniot-zhivot-na-merilin-monro-04.jpg

Срамежливост и страв од сцена

Кој би рекол дека Мерилин била срамежлива личност? Дури и кога се прославила, нејзината срамежливост не исчезнала и Мерилин имала страв од појавување на сцена. Кога веќе била позната и одела на часови по глума, Мерилин била најтивкиот студен во предавалната.

„Обично седнуваше на крајот од предавалната, а кога креваше рака за да зборува, нејзиниот глас беше многу тивок. Не сакаше да привлекува внимание“, има изјавено една од нејзините колешки.

zad-siot-glamur-se-krieshe-skrshena-zhena-tragichniot-zhivot-na-merilin-monro-05.jpg

Сакала да има деца, но не можела

Мерилин имала ендометриоза и поради ова не можела да има деца. Имала дури три спонтани абортуси, но и тогаш не ја изгубила надежта.

Постојат гласини дека Мерилин била бремена и четврти пат, но не се дозна дали тоа било вистина.

zad-siot-glamur-se-krieshe-skrshena-zhena-tragichniot-zhivot-na-merilin-monro-06.jpg

Неколкупати сакала да го промени нејзиниот имиџ

Мерилин сакала да го промени нејзиниот имиџ и да почне да прифаќа посериозни улоги. Но, менаџерот не ѝ дозволил да го направи тоа.

Всушност, се чини дека никој не ја сфаќал Мерилин сериозно и, на сетот на еден филм, продуцентот ѝ се развикал и ѝ рекол дека не треба да прави ништо, освен да изгледа убаво.

Кратко по овој настан, Мерилин почнала да користи многу лекарства и сфатила дека ако сака да остане популарна, мора да продолжи да глуми „наивна русокоса“.

zad-siot-glamur-se-krieshe-skrshena-zhena-tragichniot-zhivot-na-merilin-monro-07.jpg

Синдромот Мерилин Монро

Трагичниот живот на Мерилин бил инспирација и за термин во психологијата – синдромот Мерилин Монро.

Станува збор за синдром кој опишува личност која е „празна“ и осамена, но го крие тоа зад социјалниот успех. Проблемот е што никој не се обидува да ѕирне подлабоко во овие луѓе, бидејќи сите сметаат дека им оди одлично.

Синдромот првпат бил спомнат од докторката Елизабет Мекавој, и според неа, дури и пред да умре, Мерилин веќе била мртва од осаменост.

„Зад сите светилки и целиот гламур, стоеше жена која долго време била скршена“, има изјавено Елизабет.

zad-siot-glamur-se-krieshe-skrshena-zhena-tragichniot-zhivot-na-merilin-monro-08.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *