Има само 20 години, а згодниот грчки принц со адреса во Њујорк е веќе најпосакуваниот ерген (фото)

Неговото име е принцот Ахил Андреас од Грција и Данска. Третото од петте деца од грчкото кралско семејство на принцезата Мари Шантал и принцот Павлос е израснат во Лондон, а денес живее во Њујорк каде што се обидува да изгради актерска кариера.

Ahil-Andreas-zgoden-grcki-princ-01.jpg

Уште на прв поглед е јасно дека 20-годишниот принц Ахил-Андреас не е обичен тинејџер. Роден е во Њујорк каде што неговите родители решиле да живеат веднаш по венчавката, а подоцна се сели во Лондон поради своето школување. По неколкуте години поминати во Лондон каде што Ахил се дружел со многу познати деца на славни ѕвезди, семејството повторно се враќа во САД.

Ахил всушност поседува талент за глума. Досега се појавил во неколку проекти како сапуницата „The Bold and the Beautiful“, ангажиран е и во научно-фантастичниот филм „Light Warriors“.

Принцот Ахил Андреас е активен и на социјалните мрежи. Неодамна неговото семејство му приредило специјална забава за неговиот 20-ти роденден и му подарило тапани, со цел да открие уште еден негов талент. Ова кралско семејство летата ги поминува традиционално во Грција, а младиот принц ужива во грчкиот амбиент и атмосфера.

Често пати е опкружен со многу убавици, а во неговото друштво може да се забележи и 17-годишната ќерка на моделот Кејт Мос, сепак принцот засега е сè уште слободен што го прави еден од најпосакуваните ергени.

Погледнете како изгледа принцот Ахил Андреас:

View this post on Instagram

Smashing!

A post shared by Achileas of Greece (@achi_of_greece) on

View this post on Instagram

🤎

A post shared by Achileas of Greece (@achi_of_greece) on

View this post on Instagram

Back with the old chap

A post shared by Achileas of Greece (@achi_of_greece) on

View this post on Instagram

When in Japan 🍜

A post shared by Achileas of Greece (@achi_of_greece) on

View this post on Instagram

Prom night babey!!

A post shared by Achileas of Greece (@achi_of_greece) on

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *