Мала торбичка во боја на кожа на половиот орган, сунѓерче за шминка меѓу нозете – Тајните на секс сцените во филмовите

Кога бевме деца, еден од најсрамните моменти кај речиси секој од нас најверојатно беше моментот кога гледавме филм со родителите и ќе започнеше секс сцена. Тогаш или ги покривавме очите со рацете или се вртевме настрана или одевме до кујната по вода. Но, колку вистински имало потреба од тоа и колку овие сцени биле реални?

Tajnite-na-seks-scenite-vo-filmovite-01.jpg

Неколку познати актери даваат одговор за тоа како ги снимале познатите секс сцени:

Кејт Винслет

Можеби нејзината најпозната улога е „Титаник“, но во филмот „Романса и цигари“ од 2006 е најжешката сцена којашто ја одиграла.

За да може да го долови изразот на екстаза на лицето, таа енергично скокала на фитнес топка, создавајќи илузија дека се наоѓа одозгора врз партнерот.

Tajnite-na-seks-scenite-vo-filmovite (3).jpg

Оливија Колман

Минатата година таа го освои Оскарот за главната женска улога во „Омилената“, но за да го заслужи ова признание мораше да помине низ снимањето на секс сцените со актерката Ема Стоун.

При снимањето на сцените таа позајмила од шминкерите едно сунѓерче за шминка и го ставила меѓу нозете, за да ја заштити колешката од ненамерни интимни допири.

Tajnite-na-seks-scenite-vo-filmovite (8).jpg

Џејми Дорнан

Актерот има снимено повеќе сцени за еден филм отколку повеќето останати актери во целата своја кариера.

За да успее да го скрие својот полов орган од камерите, Дорнан го врзал во мала торба со боја како кожата на телото и ја прицврстил на телото, за да не падне. Така и покрај тоа што поголемиот дел од филмот тој е гол, сепак неговата партнерка Дакота Џонсон не морала да му го гледа половиот орган и можела да се чувствува поудобно за време на снимањето.

Tajnite-na-seks-scenite-vo-filmovite (4).jpg

Ким Катрал

Најпромискуитетната од сите четири другарки во „Сексот и градот“, сепак не криела дека сцените со секс биле вистински кошмар за неа.

Секогаш се грижела дали ќе успее да го долови моментот на жена која вистински ужива во сексот, па затоа камерите биле што е можно подобро скриени, за да може актерите полесно да се опуштат и внесат во сцените. Исто така и луѓето коишто треба да бидат присутни на снимањето биле сведени на минимум. Таа кажува дека некои режисери сакаат секс сцените да бидат прецизни и до најмалите детали, додека пак други им даваат на актерите слобода да импровизираат.

Понекогаш секс сцените се снимаат веднаш на првата средба на актерите, но иако тие траат само минута или две, сепак нивното снимање знае да трае и по неколку часови и дополнителна употреба на дублери, па така покрај сиот тој стрес нема воопшто место за возбуда.

Tajnite-na-seks-scenite-vo-filmovite (1).jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *