„Мислев дека е менопауза, забременив на 46 години“ – Исповеди на славни мајки за бременостa

Бременоста не е секогаш планирана, но, неретко, неочекуваните подароци ни се најдраги.

mislev-deka-e-menopauza-slavni-majki-za-koi-bremenosta-bila-prijatno-iznenaduvanje-01.jpg

Како и многу жени, и голем број славни мајки биле пријатно изненадени кога дознале дека се бремени, бидејќи воопшто не очекувале нешто такво.

Од Криси Тајген, па сè до Меган Фокс, погледнете кои славни жени не ја очекувале нивната бременост:

Криси Тајген

Неодамна, Криси се пофали дека повторно е бремена, а Џон Леџенд, пак, ги вметна овие вести во спотот за неговата песна Wild.

Кога сфатила дека е бремена, Криси прво се исплашила, бидејќи пред да добие позитивен тест ги отстрануваше имплантите од градите. Таа спомна дека воопшто не очекувала да забремени без помош од лекар, па не ни направила тест пред операцијата.

„Кога ќе престанете да се обидувате, животот може да ве изненади“, изјави таа.

mislev-deka-e-menopauza-slavni-majki-za-koi-bremenosta-bila-prijatno-iznenaduvanje-02.jpg

Кортни Кардашијан

Првата бременост на Кортни, кога имаше 30 години, била сосем неочекувана. Имено, тој период, таа и Скот Дисик само што се разделија. Бременоста им помогна да ја подобрат врската, а потоа добија уште две деца – од кои и двете непланирани. За жал, на крај, парот сепак се раздели.

mislev-deka-e-menopauza-slavni-majki-za-koi-bremenosta-bila-prijatno-iznenaduvanje-03.jpg

Тори Спелинг

Вo 2011-та, Тори го роди третото дете, а само пет месеци подоцна се пофали со четврта, неочекувана бременост. Синот го роди само 10 месеци после третото дете.

„Докторот ни рече да чекаме шест недели и да немаме секс, но сопругот ми рече дека никогаш не сме чекале толку долго. Сакав да му ја исполнам желбата … и сега го чекаме четвртото дете“, изјави Тори за бременоста.

mislev-deka-e-menopauza-slavni-majki-za-koi-bremenosta-bila-prijatno-iznenaduvanje-04.jpg

Хали Бери

На 46-годишна возраст, Хали веќе имаше едно дете, кога лекарот ѝ кажал дека е бремена. Најинтересно во целата ситуацијата што поради возраста, Хали била убедена дека е во менопауза и не ни помислувала на бременост.

Меган Фокс

Меган има две деца и сподели дека и двете бремености биле изненадување. Вториот пат беше бремена додека го снимаше Teenage Mutant Ninja Turtles:

„Морав многу да трчам и да скокам, а телото не се согласуваше со мене – постојано ми се гадеше“, изјави актерката.

mislev-deka-e-menopauza-slavni-majki-za-koi-bremenosta-bila-prijatno-iznenaduvanje-06.jpg

Џесика Алба

Во 2016-та, актерката изјави дека првото дете, што го доби со сопругот Кеш Ворен, не било планирано.

„Мислам дека тоа беше знак. Отсекогаш сакав да бидам мајка“.

Џесика Симпсон

Пејачката воопшто не знаела дека е бремена, но кога излегла на пијачка со пријателите – ѝ станало јасно:

„Со пријателите пиевме цел ден, а јас почнав да се чувствувам навистина чудно“.

mislev-deka-e-menopauza-slavni-majki-za-koi-bremenosta-bila-prijatno-iznenaduvanje-08.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *