Не може да го издржи секој – како изгледа тренингот на Џенифер Лопез?

Летово, Џеј Ло наполни 51 година, но изгледа подобро од кога било. Ова, нормално, најмногу се должи на нејзината фитнес рутина.

ne-mozhe-da-go-izdrzhi-sekoj-kako-izgleda-treningot-na-dzhenifer-lopez-01.jpg

Пејачката толку многу му се посветува на вежбањето, што прави и најтешките вежби да изгледаат лесно. Поради одличната кондиција, пак, таа знае да приреди вистинско шоу со танцување на нејзините концерти.

Веќе е јасно дека тренингот на Џеј Ло е доста интензивен и ретко кој ќе го издржи, но ако сакате малку мотивација, во продолжение погледнете како изгледа нејзиниот фитнес режим:

Исхраната е клучна

Нема да стигнете далеку ако вежбате, а не внимавате на исхраната. Ова го знае и Џеј Ло, па секогаш внимателно избира што јаде – многу протеини и речиси никаква нездрава храна.

Еднаш дневно Џеј Ло јаде пилешко или риба, а во текот на денов внесува и многу овошје и зеленчук. Таа никогаш не гладува, а ако ѝ се појави желба за грицкање, ја задоволува со кикиритки. Сепак, бидејќи и таа е само човек, одвреме-навреме си дозволува и нездрава храна.

ne-mozhe-da-go-izdrzhi-sekoj-kako-izgleda-treningot-na-dzhenifer-lopez-02.jpg

Кардио вежби

Кардио вежбите се можеби најважни, но сите ги избегнуваме. Џеј Ло знае дека ако сака да ги издржи енергичните концерти, мора да обрне внимание и на кардио вежбите.

Најчесто пејачката џогира, скока јаже или трча по скали.

ne-mozhe-da-go-izdrzhi-sekoj-kako-izgleda-treningot-na-dzhenifer-lopez-03.jpg

Вежби за раце

Доволно е да погледнете една фотографија од Џеј Ло, за да сфатите дека обрнува многу внимание на горниот дел од телото.

Таа ги прави основите вежби со тегови, а омилена вежба за раце ѝ биле таканаречените „Спајдермен“ склекови.

ne-mozhe-da-go-izdrzhi-sekoj-kako-izgleda-treningot-na-dzhenifer-lopez-04.jpg

Проби за концерти

Кога се подготвува за концерт, Џеј Ло танцува со часови. А, ова е многу добра физичка активност.

Интересно е што ова не е доволно за пејачката, па пред настап таа секогаш вежба и во теретана.

ne-mozhe-da-go-izdrzhi-sekoj-kako-izgleda-treningot-na-dzhenifer-lopez-05.jpg

32-минутна рутина за вежбање

Сите познати имаат лични тренери, а Џеј Ло има дури два. Едниот од нејзините тренери, Дејвид Кирш, ја има развиено популарната 32-минутна рутина за вежбање, која Џеј Ло навистина ја сакала.

Рутината се состои од 16 различни вежби, кои ги активираат мускулите во целото тело.

ne-mozhe-da-go-izdrzhi-sekoj-kako-izgleda-treningot-na-dzhenifer-lopez-06.jpg

Вежбање дома

Кога нема време за теретана, Џеј Ло вежба дома, и тоа понекогаш со Алекс Родригез.

Нивната заедничка рутина за вежбање ја сочинуваат неколку вежби, како склекови и кревање тегови, а потоа трчање.

ne-mozhe-da-go-izdrzhi-sekoj-kako-izgleda-treningot-na-dzhenifer-lopez-07.jpg

Лични тренери

Веќе кажавме дека Џеј Ло има двајца тренери – кога е во Њујорк вежба со Трејси Андерсон, а во Лос Анџелес вежба со Дејвид Кирш.

Тренинзите на Трејси се со послаб интензитет и се фокусираат на долниот дел од телото, а оние на Кирш се поинтензивни и вклучуваат и кикбокс.

ne-mozhe-da-go-izdrzhi-sekoj-kako-izgleda-treningot-na-dzhenifer-lopez-08.jpg

Стомачни

Џеј Ло е позната и по челичните стомачни и може да се каже дека ги прави најтешките вежби за нив.

Таа прави вежби како стомачни со јаже и стомачни со тегови, и тоа 2-3 сета, со по 50 повторувања.

ne-mozhe-da-go-izdrzhi-sekoj-kako-izgleda-treningot-na-dzhenifer-lopez-09.jpg

Нозе и задник

Треба навистина да се потрудите ако сакате нозе и задник како на Џеј Ло.

Пејачката секојдневно прави вежби за нозе и задник, како чучнувања со тегови и кревање тегови со нозе.

Денови за опуштање

Веќе спомнавме дека и Џеј Ло си дозволува понекој нездрав оброк. Но, внимава и во овој случај. Пејачката не пие алкохол, а кога сака нешто за грицкање, најчесто јаде овошје или зеленчук. Кога сака нешто благо, си дозволува сладолед или колачиња.

ne-mozhe-da-go-izdrzhi-sekoj-kako-izgleda-treningot-na-dzhenifer-lopez-11.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *