По колку години користење треба да го фрлите душекот за спиење?

Можете ли да се сетите колку време го користите душекот за спиење? Колку време е „животниот век“ на душеци, пред да почнат да му штетат на вашето здравје?

po-kolku-godini-koristenje-treba-da-go-frlite-dushekot-za-spienje-01.jpg

Душекот за спиење е навистина важна инвестиција и на него не смеете да штедите, тука станува збор за вашето здравје. Поголемиот дел од луѓето минуваат една четвртина или една третина од животот во кревет.

Се смета дека стандарден „животен век“ на душекот за спиење е 7 до 10 години, а доктор Сантош Томас од здравствениот дом Cleveland Clinic’s Center for Spine Health вели дека неколку фактори се клучни за животниот век на душекот.

po-kolku-godini-koristenje-treba-da-go-frlite-dushekot-za-spienje-02.jpg

Тој вели дека многу е важно колку често спиете на душекот, односно дали секоја ноќ или пак станува збор за гостинска соба која многу поретко се користи. Фактор е и вашата тежина и луѓето кои имаат поголем број на килограми треба да купуваат душеци со поголема густина. И трет фактор е каков душек имате, односно од што е изработен.

Старите душеци не само што се некомфорни, туку се и штетни по здравјето.

Ако тој ја изгубил формата и повеќе не ви ја дава потребната потпора на телото, тогаш време е за замена. Често резултатот од лошиот душек може да биде болка во грбот, рамениците, вратот или колковите.

po-kolku-godini-koristenje-treba-da-go-frlite-dushekot-za-spienje-03.jpg

Секоја ноќ се потите и милиони клетки од вашата кожа завршуваат на душекот, а тоа е совршено гнездо за бактерии, па со време душекот може да ви почне да ви предизвикува алергии и астма. На него може да има дури и влага.

Размислете колку години го користите душекот за спиење дома и не штедете на нов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *