Бонтон во време на пандемија – Како правилно да се однесувате во „новата нормала“?

Не ја ставајте маската на маса во ресторан, не им влегувајте на други луѓе во лифт без маска и уште неколку бонтон правила кои според новото нормално треба да ги почитувате во пандемијата на корона вирус.

bonton-vo-vreme-na-pandemija-kako-pravilno-da-se-odnesuvate-vo-novata-normala-1.jpg

Новото нормално ни донесе и нови бонтон правила кои се однесуваат на тоа како правилно да ги носите маските и како да не ги ставате луѓето околу вас во непријатна ситуација.

Независно дали внимавате премногу на заштитата и знаете дека сте безбедни или сте од оние кои избегнуваат носење маски – не смеете да дозволите да ги ставите другите луѓе во ситуација да се плашат од вас.

Ако сакате да оставите впечаток на културна личност мора да имате предвид дека никој не сака да се чувствува небезбедно покрај вас.

Во време на пандемија, кога станува збор за заштита, задолжително водете се по следниве новопропишани бонтон правила:

1. Носете ја маската правилно, со покриени уста и нос – во спротивно не се заштитувате себеси, ниту пак другите се чувствуваат безбедно во ваша околина.

2. Не влегувавајте во лифт без маска, посебно доколку има и други соседи во лифтот – не секој се чувствува пријатно во таква ситуација, а за да се заштитат двете страни најдобро е да имате маска на себе.

3. Кога сте во маркет, не ја допирајте маската однадвор, а потоа да ги допирате сите производи – имајте обѕир кон останатите потрошувачи.

4. Влезете во ресторан со маска, а кога ќе седнете – никако не ја оставајте на маса, на рака или каде било во близина на јадењето. Сместете ја во кесичка или во чанта, па одете да измиете раце пред да седнете. Сигурно оние кои се со вас не сакаат на масата да им допира вашата нечиста маска.

5. Не се срамете да побарате од келнерот, продавачот, мајсторот или кој било друг да стави маска додека ве услужува – сега тоа е нормално и сите во услужните дејности се должни да носат заштита. Ако пак, работите во услужни дејности, не ги ставајте другите во ситуација да мора да ви го побараат ова. Носете ја маската секогаш.

6. Не носете уништени или нечисти маски – така не се заштитувате ниту вие, ниту другите, а оние околу вас нема да се чувствуваат пријатно, па не ги ставајте луѓето во непријатна ситуација.

7. Ако не ви е пријатно да носите маска, едноставно не одете на места каде што е задолжителна, наместо да се расправајте со другите луѓе за тоа што ви побарале да ставите маска – такви се препораките и правилата. Недозволиво е да им го загрозувате здравјето на другите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *