Зошто на најпаметните девојки им е најтешко во животот?

zoshto-na-najpametnite-devojki-im-e-najteshko-vo-zhivotot-01.jpg

Паметната девојка секогаш има милион работи на ум. Дури и кога треба да се релаксира, таа е под стрес за нешто. Нејзиниот мозок едноставно никогаш не се гаси.

Затоа таа размислува премногу за сите работи, без разлика колку и да е едноставна ситуацијата.

Мозокот ѝ работи со брзина на светлината, па за секоја ситуација смислува десетици сценарија. Секогаш е загрижена што може да се случи и тоа ја излудува. Никогаш нема момент на миг и тишина.

Не сака изненадувања и навикната е да има контрола врз секоја ситуација. Никогаш не го спушта штитот и сака сѐ да испланира однапред.

Мрази кога не може да сфати нешто и мрази да биде фатена неподготвена. Секогаш сака да знае што се случува.

Таа е девојка која анализира премногу, од нечии зборови до начинот на кој некој ја погледал.

Таа гледа сѐ и сака да ги прочита луѓето околу неа.

Логичар е, но едновремено е и најчувствителната личност во околината. Има и голем мозок и големо срце и затоа ѝ е толку тешко во животот.

Постојано е загрижена за нешто.

Горда е што може да се грижи сама за себе, но понекогаш нејзиниот ум комплетно ја излудува. Тоа што е толку паметна ѝ го отежнува животот.

Извор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *