Ракот не ја поднесува Скорпијата поради енергијата и драмата – Кој е вашиот најлош астролошки непријател според хороскопскиот знак?

Не сите хороскопски знаци се компатибилни помеѓу себе, како на пријателски, така и на професионален и љубовен план. Според астролозите, некои не може да се поднесат поради своите огромни разлики.

Koj-e-vashiot-najlos-astroloski-neprijatel-01.jpg

Дознајте кој е вашиот најголем непријател според хороскопскиот знак:

Овен

Мразите монотонија и досадни луѓе. Полни сте со енергија, а сепак опкружени со некоја мирна, спокојна аура околу себе. Не можете да поднесете да комуницирате со премногу драматични, а истовремени мрзливи и пасивни луѓе. За вас Близнаците се луѓе од најголемиот кошмар поради овие свои карактеристики.

Бик

Одговорни сте, мошне посветени и сериозни. Сакате да им помагате на луѓето кога сте во можност да го направите тоа, полни сте разбирање и емпатија, а умеете и да чувате тајни. Не можете да го поднесете Јарецот затоа што е во состојба да гази сè пред себе за да успее во целта. Истовремено, вие сте великодушни и дарежливи, додека Јарецот е многу скржав и алчен.

Близнаци

Исполнети сте со многу енергија, секогаш насмеани, весели и радосни. Она што го мразите се флегматични, меланхолични и депресивни луѓе. Чувствувате дека како некој црн облак надвиснуваат над вас и ви ја крадат позитивната енергија. За вас ова се Рибите. Ги доживувате како многу здодевни и мрачни и се обидувате да ги игнорирате нивните премногу сериозни, филозофски дискусии.

Рак

Претпочитате мир и стабилност во животот. Понекогаш сметате дека сте си доволни самите на себеси, животот ви се движи праволиниски без некои особени турбуленции и вие сте сосема среќни поради ова.

Затоа Скорпијата ви е непријател број 1. Таа е секогаш полна со живот, ја носи драмата со себе, генерално е гласна и експресивна, додека вие сакате да се пикнете под ќебето и само да молчите и мирувате.

Лав

Се сметате за силни, храбри и полни самодоверба. Од оваа причина не можете да поднесете некој што е ист како вас, а единствениот ривал во зодијакот ви е Девицата.

Таа мисли дека е подеднакво добро, ако не и подобра од вас, па затоа ја избегнувате. Не можете да се поднесете затоа што сте практично истата личност, со мали разлики.

Девица

Сакате ред и организираност, хаосот ве вади од такт. Кога ќе си зацртате нешто сакате да се оствари токму онака како што сте посакале, без да се скокне ниту еден чекор. Од овие причини не можете да ја поднесете Водолијата која работите ги прави спонтано, непланирано, без ред и со себе носи немир. Ви ги поматува плановите со својата неорганизираност и не ја сакате во својата близина.

Вага

Како еден од најстабилните знаци во зодијакот, зрачите со хармонија. По природа сте љубезни и секогаш имате добри намери, но не можете да поднесете кога некој ви заповедува нешто. Овенот е токму ваков, заповеднички настроен, импулсивен знак кој сака да „паметува“. Овенот е доминантен, а вие бегате од секаков тип на доминација.

Скорпија

На прв поглед сте смирени и интровертни, а всушност сте екстроверт кој е прилично одмазднички настроен. Сакате да сте во центарот на вниманието, а кога една Девица се обидува да ви го украде, тоа ви ги „кине“ нервите. Девиците ги сметате за многу здодевни, смешни и напорни, а нивната смисла за хумор ви е излитена и лоша.

Стрелец

Верувале или не, вие сте единственост знак кој нема непријател. Секогаш сте насмеани, полни со енергија и самодоверба, авантуристички настроени. Не обрнувате внимание на ситниците, за вас е битна поголемата слика. Не им се лутите на луѓето кои ве навредиле, веднаш простувате и веднаш заборавате. Имате големо срце, а во него нема место за непријатели.

Јарец

Неуморни сте, постојано во движење, постојано кроите планови и сакате да сте на врвот. Мразите пасивни луѓе, што немаат доволно самодоверба, што се сожалуваат себеси и се постојано несигурни и плачливи. Од овие причини не можете да го поднесете Ракот. Додека вие не сте се прибрале дома со недели, тој не го напуштил домот исто толку време, па не можете да замислите да се пријател со некој таков.

Водолија

Непостојани сте како водата, експлозивни. Љубопитни сте, имате желба постојано да учите нешто ново и интересно. Далеку сте од конзервативни луѓе, па затоа Бикот и неговите особини ви се најголемиот кошмар. Мразите планирање, нешто во што Биковите се особени добри и се истакнуваат, па не можете да замислите да работите со ваков тип на човек.

Риби

Вие сте вистински интроверт, мирни, повлечени и многу ранливи. Тешко ја нудите својата доверба некому, тешко склопувате пријателства, а особено се плашите од луѓето што се експлозивни и немирни по природа, како на пример Стрелецот. Малку им завидувате на нивната слобода и волја за лично изразување, ама сепак знаете дека најдобро е да се држите подалеку од нив, затоа што ви ја брануваат мирната вода на која сте навикнати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *