Рецепт за најевтиниот летен ручек

Летен ручек кој мора да го пробате ако ја сакате традиционалната мешавина од пиперки, домати, кромид и малку месо.

recept-za-najevtiniot-leten-rucek-001.jpg

Подготовката е повеќе од лесна, а состојките се лесно достапни и евтини.

Потребно ви е:

  • 1-2 модри домати со средна големина
  • 6-7 зелени пиперки
  • 2 главици виолетов кромид
  • 3-4 домати со средна големина
  • 50g свеж магдонос
  • 5-6 чешниња лук
  • 400g домашни колбас
  • Масло, сол и зачини по желба
  • 100ml сос од домати

Подготовка:

  • Исчистете ги зеленчуците и исечкајте ги на поголеми парчиња.
  • Исечканиот, посолениот модар домат процедете го и пропржете го. Тргнете на страна.
  • Истото повторете го и со пиперките. Во тавчето продинстајте го кромидот со доматите.
  • Спојте ги исечканиот магдонос и иситнетиот лук.
  • Пропржете ги и колбасите на страна.
  • Во длабока тава ставете ред од мешавината од лукот и доматите, па потоа ред модар домат, па пиперки. Потоа додадете дел од колбасите и завршете со мешавината од магдонос и лук.
  • Повторувајте ја постапката додека не ги потрошите состојките. Прелијте со 100 ml сос од домати. Нека прокрчка 10-15 минути на тивок оган.
  • Послужете со додатоци по желба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *