Без брашно, без јајца и без печење – торта од 3 состојки, толку вкусна и здрава што ќе побарате парче репете

Всушност, не ги набројавме сите работи кои не ги содржи оваа торта – нема брашно, јајца, млеко, нема печење. Погодна за вегани, безглутенска, исклучително здрав десерт кој се прави лесно и брзо, а е извонредно вкусен.

Torta-od-3-sostojki-bez-pechenje-01.jpg

Потребни ви се само три состојки и 10 минути за да ја направите, а ќе ја изедете за двојно помалку време.

Подгответе вкусна, здрава торта поради која нема да имате грижа на совест заради калориите.

Потребни состојки:

  • 170 g високо квалитетно темно чоколадо со висок процент на какао
  • 375 ml кокосово млеко со висока масленост
  • 2¾ шолја (220 g) овесни снегулки

Начин на подготовка:

  • Во кружен калап за торта (пречник од 18 cm) со обрач кој се вади поставете хартија за печење.
  • Внимателно премачкајте го калапот со путер или масло за готвење под и врз хартијата и од страните.
  • Стопете го чоколадото на пареа.
  • Во мал сад загрејте го кокосовото млеко до зовривање, а потоа истурете го врз чоколадото. Оставете ја смесата околу 2 минути, а потоа почнете со мешање додека добро не се соединат.
  • Додадете ги овесните снегулки и измешајте до соединување.
  • Истурете ја подготвената смеса во калапот. Оставете да се олади на собна температура, а потоа префрлете ја тортата во фрижидерот најмалку 4 часа.
  • Послужете со свежо овошје.
Torta-od-3-sostojki-bez-pechenje (2).jpg
Torta-od-3-sostojki-bez-pechenje (3).jpg
Torta-od-3-sostojki-bez-pechenje (1).jpg

Напомена: За интензивирање на чоколадниот вкус може да додадете прстофат морска сол, како и 1 лажичка екстракт од ванила.

Оваа тортичка нема да е толку блага како десертите на коишто сте навикнале, затоа што воопшто не употребивме шеќер. Доколку сепак, сакате малку посладок рецепт, слободно додадете 1-2 лажици шеќер во смесата.

Тортата може да се чува во фрижидер до 5 дена.

За полесно готвење, погледнете го видео рецептот:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *