„Не заслужував да победам“ – атлетичар намерно ја изгубил трката бидејќи сметал дека победата не е негова

Пред 7 години, шпанскиот атлет Иван Фернандез Анаја го воодушеви светот со неговиот гест. Во декември 2013-та, тогаш 24-годишниот атлетичар направи нешто што сигурно не би го направил некој друг спортист.

ne-zasluzhuvav-da-pobedam-atlet-namerno-ja-izgubil-trkata-bidejkji-smetal-deka-pobedata-ne-e-negova-01.jpg

За време на трка во Шпанија, Иван бил на второто место, а пред него бил Абел Мутаи. Абел е атлетичар од Кенија кој има освоено бронза на Олимписките игри, но на тој настан помислил дека трката завршила 10 метри пред финиш линијата, поради погрешна сигнализација.

Од публиката му викале да продолжи, но Абел не разбирал шпански и престанал да трча.

ne-zasluzhuvav-da-pobedam-atlet-namerno-ja-izgubil-trkata-bidejkji-smetal-deka-pobedata-ne-e-negova-02.jpg

Во тој момент, Иван имал можност да го помине и да ја победи трката, но тој го направил спротивното – забавил и му кажал на Абел каде всушност завршува трката.

ne-zasluzhuvav-da-pobedam-atlet-namerno-ja-izgubil-trkata-bidejkji-smetal-deka-pobedata-ne-e-negova-03.jpg

„Не заслужував да победам. Го направив она што требаше да го направам. Тој беше вистинскиот победник. Јас го стигнав само затоа што застана: Ако не ја направеше таа грешка, никогаш немаше да го стигнам. Во моментот кога сфатив дека тој застанал, знаев дека нема да го поминам“.

ne-zasluzhuvav-da-pobedam-atlet-namerno-ja-izgubil-trkata-bidejkji-smetal-deka-pobedata-ne-e-negova-04.jpg

На прашањето зошто не ја искористил можноста за победа, Иван вели:

„Каква би била честа од тој медал? Што би помислила мајка ми за тоа?“

Веројатно, неговата мајка била многу горда, а гестот на Иван докажува дека победата е многу послатка кога е заслужена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *