Твитот за смртта на „Црниот пантер“ Чедвик Боузман влезе во историјата на Twitter како најлајкуван

Во петокот, 28-ми август, почина Чедвик Боузман, актерот кој најдобро беше познат по улогата во Black Panther.

crniot-panter-ja-izgubi-bitkata-so-rakot-objavata-za-negovata-smrt-vleze-vo-istorijata-na-twitter-01.jpg

Смртта ја изненади јавноста, бидејќи никој не ни знаеше дека актерот цели четири години водел битка со рак на дебелото црево. Објавата на неговиот Twitter профил, пак, со која беше најавена неговата смрт, стана најлајкуваната во историјата на Twitter.

И покрај ракот, 43-годишниот актер се појави во неколку филмови, и толку умешно го скрил својот здравствен проблем, што никој не се ни посомнева дека нешто не е во ред.

crniot-panter-ja-izgubi-bitkata-so-rakot-objavata-za-negovata-smrt-vleze-vo-istorijata-na-twitter-02.jpg

По неговата смрт, неговото семејство напиша:

„Со огромна тага ја потврдуваме смртта на Чедвик Боузман. Чедвик беше дијагностициран со рак на дебелото црево во трета фаза во 2016-та, се бореше со него последниве 4 години и ракот напредна до четвртата фаза.
Како вистински борец, Чедвик го издржа сето тоа и направи многу од филмовите кои денес многу ги сакате. Од Marshall до Da 5 Bloods, Ma Rainey’s Black Bottom и неколку други, сите беа направени помеѓу безброј операции и хемотерапија. Беше вистинска чест во неговата кариера да го оживи кралот Т’Чала во Black Panther.
Toj почина во неговиот дом, покрај семејството и сопругата. Целото семејство се заблагодарува за љубовта и молитвите и ве замолува да ја почитувате нивната приватност во овие тешки моменти“.

Со текстот, на профилот беше споделен и црно-бел портрет од актерот, а објавата досега има над 6,8 милиони допаѓања и над 3 милиони „ретвитови“.

Боузман засекогаш ќе остане запомнет како првиот суперхерој со темна кожа од филмовите на Marvel. Уште поимпресивно е што „Black Panther“ е единствениот филм со суперхерои кој добил номинација за Оскар во категоријата за најдобар филм.

crniot-panter-ja-izgubi-bitkata-so-rakot-objavata-za-negovata-smrt-vleze-vo-istorijata-na-twitter-03.jpg

Додека ја водел битката со ракот, актерот редовно ја посетувал болницата за смртно болни деца St Jude’s Hospital во Лос Анџелес, па дури и се расплакал кога две дечиња, кои едвај го чекале Black Panther, починале пред премиерата на филмот.

По смртта на актерот се дозна и дека тој тајно се венчал со сопругата Тејлор Симон Ледвард, со која јавноста го поврзуваше уште во 2015-та. Тејлор останала покрај него до последните моменти од неговиот живот.

crniot-panter-ja-izgubi-bitkata-so-rakot-objavata-za-negovata-smrt-vleze-vo-istorijata-na-twitter-04.jpg
crniot-panter-ja-izgubi-bitkata-so-rakot-objavata-za-negovata-smrt-vleze-vo-istorijata-na-twitter-05.jpg
crniot-panter-ja-izgubi-bitkata-so-rakot-objavata-za-negovata-smrt-vleze-vo-istorijata-na-twitter-06.jpg

Чедвик е роден на 29-ти ноември 1976-та, во Јужна Каролина. Првата телевизиска улога ја доби во 2003-та, а во 2013-та се појави во филмот 42, и неговата кариера тргна во нагорна линија.

crniot-panter-ja-izgubi-bitkata-so-rakot-objavata-za-negovata-smrt-vleze-vo-istorijata-na-twitter-07.jpg

Како што напоменавме, во 2016-та тој стана првиот суперхерој со темна кожа, откако се појави во улогата на кралот Т’Чала во Captain America: Civil War. Во 2018-та, неговиот лик си доби и свој филм – неверојатниот Black Panther.

Голем број јавни личности го покажаа нивното сочувство, вклучувајќи ги и неговите колеги од Marvel. A, и од Marvel споделија објава во негова чест:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *