Импланти на чело, отстранети уши: Германец го трансформира својот изглед на бизарен начин (фото)

Изгледот на Сандро е вознемирувачки, но тој не планира да престане со екстремните чекори за трансформација…

implanti-na-chelo-otstraneti-ushi-germanec-go-transformira-izgledot-na-bizaren-nachin-foto-01.jpg

Сандро, кој е познат како Mr. Skull Face, има 39 години, потекнува од Германија и ги шокира луѓето со својот невообичаен изглед.

Тој постојано прави екстремни промени на своето тело, како ставање импланти во челото, , импланти на раката, сечење на јазикот на половина, а најбизарно од сѐ отстранување на ушните школки од неговата глава.

Вели дека желбата за промена на изгледот на така драстичен начин му дошла од срцето и не се заморува кога луѓето го критикуваат за неговиот изглед.

Во иднина планира да ги истетовира и очните јаболка и со операција да го отстрани врвот од носот.

Сандро започнал со операции од 2007 година, откако видел на телевизија некој човек што си ставил импланти на челото.

Вели дека е невработен и сингл и дека трансформацијата му влијаела  негативно на многу полиња од животот, но дека нема да сопре.

Запознајте го овој Германец со бизарен изглед:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *