„Како не ти е срам“ – Кајли Џенер нападната затоа што патува во странство среде пандемија

За неа не важат забраните среде глобалната пандемија и фановите се бесни на неа. Низа онлајн критики за Кајли Џенер…

kako-ne-ti-e-sram-kajli-djener-napadnata-zatoa-shto-patuva-vo-stranstvo-srede-pandemija-01.jpg

Кајли Џенер им се врати на своите работни обврски, а тие вклучуваат и патувања во странство.

Ријалити ѕвездата објави низа фотографии направени на популарни дестинации во Париз. Но, во Франција е забранет влезот за американските туристи за време на корона пандемијата, па фановите се љубопитни како Кајли успеала да добие влез.

Таа наводно заминала таму со група на пријатели и соработници на бизнис патување за да оствари средба со одговорните во козметичката компанија Coty, но времето едновремено го искористила и за забава.

Фановите велат дека тоа што Французите ѝ дозволиле влез за доброто на француската економија не значи дека таа треба да го претвора патувањето во одмор и да ги нервира оние кои за време на глобалната пандемија не можат да отпатуваат интернационално и да си ги видат членовите на семејството, дури и ако некој од нив е болен.

„Како не ти е срам“, „Дали и остатокот од светот се прашува како таа ги прескокна рестрикциите и појде во Европа среде здравствена криза“, се само дел од коментарите.

Фотки од патувањето на Кајли:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *