Нарачано убиство или несреќа – 23 години од смртта на Дијана, „принцезата на народот“

Денес, 1-ви септември, пред 23 години, принцезата Дијана трагично го загуби нејзиниот живот.

narachano-ubistvo-ili-nesrekja-23-godini-od-smrtta-na-dijana-princezata-na-narodot-01.jpg

Дијана беше првата сопруга на принцот Чарлс, наследникот на кралицата Елизабета, и иако поминаа две децении од несреќата, нејзиното влијание се чувствува и денес.

На кобната ноќ, Дијана беше во автомобилот со нејзиниот тогаш партнер Доди Ал Фајед, кога автомобилот удрил во еден од столбовите во тунел во Париз. Возачот на автомобилот и Доди загинаа на самото место.

Дијана почина четири часа подоцна, во болница, а единствениот преживеан од несреќата е телохранителот Тревор Рис Џонс.

narachano-ubistvo-ili-nesrekja-23-godini-od-smrtta-na-dijana-princezata-na-narodot-02.jpg

Според Џонс, веднаш после несреќата, Дијана речиси изгубила свест, но тивко го кажувала името на Доди.

Несреќата се случила околу полноќ, а до 1 часот наутро принцот Чарлс и кралицата Елизабета го слушнале вестите. Но, им кажале дека на Дијана само ѝ е скршена раката.

Околу 3:30 часот, Чарлс и Елизабета дознале дека Дијана починала на операционата маса. Тогаш кралицата го убедила Чарлс да не ги соопштат вестите сè до утрото.

narachano-ubistvo-ili-nesrekja-23-godini-od-smrtta-na-dijana-princezata-na-narodot-03.jpg

Кога се случила несреќата, Чарлс и Елизабета биле во Шкотска, заедно со Вилијам и Хари. Принцот, заедно со сестрите на Дијана, отишол со приватен авион да го земе телото на принцезата, а Елизабета и Филип не сакале да се вратат во Лондон. Наводно, сакале да ги заштитат Хари и Вилијам пред да мораат се соочат со јавноста за време на погребот.

Целиот свет беше шокиран, а многумина почнаа да ја обвинуваат Елизабета за смртта на Дијана. Со денови Англичаните не слушнаа ништо од Бакингемската палата и се верува дека тој период, популарноста на Елизабета опаднала најмногу во нејзината кариера. Поради притисокот, Елизабета, на крај, морала да се огласи за смртта на принцезата.

narachano-ubistvo-ili-nesrekja-23-godini-od-smrtta-na-dijana-princezata-na-narodot-04.jpg

Погребот се одржа на 6-ти септември и целиот настан траеше повеќе од 5 часа. Дури 3 милиони луѓе излегоа на улиците во Лондон, а телевизискиот пренос од погребот го следеа можеби 3 милијарди луѓе.

narachano-ubistvo-ili-nesrekja-23-godini-od-smrtta-na-dijana-princezata-na-narodot-05.jpg

На денот на погребот, кралицата се поклони пред ковчегот на Дијана, и тоа неколкупати, а никој од кралското семејство не одржа говор.

narachano-ubistvo-ili-nesrekja-23-godini-od-smrtta-na-dijana-princezata-na-narodot-06.jpg

Дијана е погребана на мал остров, на имотот на нејзиниот татко, познат како Althorp.

narachano-ubistvo-ili-nesrekja-23-godini-od-smrtta-na-dijana-princezata-na-narodot-07.jpg

Јавноста до денес верува дека смртта на принцезата е обвиена со многу мистерии, а теориите на заговор не стивнуваат и денес.

Една од најпознатите теории на заговор е дека Дијана била убиена бидејќи носела дете од тогашниот партнер – Доди. Наводно, принцезата планирала и веридба штом ќе се финализира разводот со Чарлс. На кралското семејство не му се допаѓало ова, па според теоријата, Елизабета наредила да ја „отстранат“ Дијана. Уште повеќе им пречело тоа што Доди бил Египќанец.

narachano-ubistvo-ili-nesrekja-23-godini-od-smrtta-na-dijana-princezata-na-narodot-08.jpg

Според друга теорија, возачот Хенри Пол намерно ја предизвикал несреќата, по наредба од MI6. Иако судот ги поби овие гласини, некои луѓе и до денес веруваат во нив.

Имено, полицијата дошла и до писмо потпишано од извесен „Војник Н“, во кое пишувало дека убиството на Дијана е порачано од кралицата. За ова нема никакви други докази. Истата теорија се разгори и кога почна да се зборува за дневникот на Дијана, во кој наводно напишала дека „ја бркаат и сакат да ја убијат“.

Кралското семејство се нема огласено за ова, а тогаш од полицијата изјавија дека ќе ги разгледаат доказите, но нема повторно да го отвораат случајот.

narachano-ubistvo-ili-nesrekja-23-godini-od-smrtta-na-dijana-princezata-na-narodot-09.jpg

После анализата на автомобилот во кој загина Дијана, се утврдило дека пред несреќата, овој автомобил имал контакт со бел Fiat, кој оставил бели траги на него. Според таткото на Доди, овој Fiat бил намерно поставен за да се блокира патот на автомобилот на Дијана, но од белиот автомобил нема ни трага ни глас.

narachano-ubistvo-ili-nesrekja-23-godini-od-smrtta-na-dijana-princezata-na-narodot-10.jpg

Во сведочење во 2003-та, Мухамед Фајед, таткото на Доди, истакнал дека во тунелот во кој се случила несреќата имало најмалку 10 безбедносни камери. Сомнително било тоа што во моментот на несреќата не работела ниту една. Ова го натера Мухамед, но и многу други, да веруваат дека камерите биле намерно исклучени

narachano-ubistvo-ili-nesrekja-23-godini-od-smrtta-na-dijana-princezata-na-narodot-11.jpg

Принцезата на народот

И две децении по нејзината смрт, популарноста на Дијана не се намалува. Таа му покажа на народот дека и членовите на кралското семејство се само луѓе и го доближи кралскиот живот до јавноста подобро од кој било.

Дијана умешно ја користеше нејзината популарност за да ја зголеми свесноста за дел од најголемите проблеми во светот, а стана и првата јавна личност која прегрна ХИВ позитивен пациент на телевизија. Важно е да се спомене дека ова се случуваше во период кога ХИВ беше табу-тема.

narachano-ubistvo-ili-nesrekja-23-godini-od-smrtta-na-dijana-princezata-na-narodot-12.jpg

Изгледа никогаш нема да дознаеме што точно се случило, ниту, пак, кој е вистинскиот виновник, но „принцезата на народот“ ќе се слави уште долго.

narachano-ubistvo-ili-nesrekja-23-godini-od-smrtta-na-dijana-princezata-na-narodot-13.jpg
narachano-ubistvo-ili-nesrekja-23-godini-od-smrtta-na-dijana-princezata-na-narodot-14.jpg
narachano-ubistvo-ili-nesrekja-23-godini-od-smrtta-na-dijana-princezata-na-narodot-15.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *