„Чудна историја“ – забавен Twitter профил за најнеобичните и најинтересните настани од нашето минато

Можеби на училиште сте ги мразеле часовите по историја, но овој Twitter профил сигурно ќе ве натера да ја засакате.

chudna-istorija-zabaven-twitter-profil-za-najneoobichnite-nastani-od-nasheto-minato-01.jpg

Покрај бројните битки и војни што им се досадни на повеќето луѓе, историјата е полна и со необични, па дури и смешни настани кои нема да ви се верува дека се случиле. Поради тоа, Ендру Рајдер си направил профил на Twitter кој го нарекол „Чудна историја“, на кој споделува токму вакви историски настани.

Ендру е доктор на науки кој работи за SpaceX и е сертифициран научник од MIT. Тој е и дизајнер за видеоигри, автор, но и огромен фан на историјата. Неговиот профил има над 145.000 следбеници и постои од 2011-та година.

Во продолжение можете да погледнете дел од неговите најпопуларни објави:

Кралицата се обидува да се воздржи од смеење додека минува покрај нејзиниот сопруг во униформа.

chudna-istorija-zabaven-twitter-profil-za-najneoobichnite-nastani-od-nasheto-minato-02.jpg

Во 2012-та, пар од Британија на шега ја поканил кралицата на нивната венчавка, и таа се појавила.

За време на Втората свеска војна, кучето Џулијана си добило медал, откако деактивирало бомба бидејќи уринирало на неа.

chudna-istorija-zabaven-twitter-profil-za-najneoobichnite-nastani-od-nasheto-minato-04.jpg

Во Втората светска војна, еден јапонски конзул спасил 6.000 Eвреи давајќи им јапонски визи – нешто што неговата влада не го дозволувала.

chudna-istorija-zabaven-twitter-profil-za-najneoobichnite-nastani-od-nasheto-minato-05.jpg

Паметен начин за покажување на изгледот на старите градби.

chudna-istorija-zabaven-twitter-profil-za-najneoobichnite-nastani-od-nasheto-minato-06.jpg

Скулптура во Берлин – „Политичарите разговараат за глобалното затоплување“.

chudna-istorija-zabaven-twitter-profil-za-najneoobichnite-nastani-od-nasheto-minato-07.jpg

Средновековни отпечатоци од шепа од мачка – околу 1100-та година.

chudna-istorija-zabaven-twitter-profil-za-najneoobichnite-nastani-od-nasheto-minato-08.jpg

„Одмазниците“ (The Avengers) биле и тим еврејски убијци, кои убивале нацисти после Втората светска војна.

chudna-istorija-zabaven-twitter-profil-za-najneoobichnite-nastani-od-nasheto-minato-09.jpg

На Бенџамин Френклин не му верувале да ја напише Декларацијата за независност, бидејќи се плашеле дека внатре ќе вметне и некоја шега.

chudna-istorija-zabaven-twitter-profil-za-najneoobichnite-nastani-od-nasheto-minato-10.jpg

Желката Џонатан фотографирана во 1902-ра и денес.

chudna-istorija-zabaven-twitter-profil-za-najneoobichnite-nastani-od-nasheto-minato-11.jpg

Најстариот „Пази куче“ знак, Помпеја – пред околу 2000 години.

chudna-istorija-zabaven-twitter-profil-za-najneoobichnite-nastani-od-nasheto-minato-12.jpg

Креаторот на Pac-Man со неговите оригинални концепти за играта.

chudna-istorija-zabaven-twitter-profil-za-najneoobichnite-nastani-od-nasheto-minato-13.jpg

Прстен со мачка од древен Египет – стар 2700 години.

chudna-istorija-zabaven-twitter-profil-za-najneoobichnite-nastani-od-nasheto-minato-14.jpg

Во минатото имало неколку жени самураи, познати како onna-bugeisha.

chudna-istorija-zabaven-twitter-profil-za-najneoobichnite-nastani-od-nasheto-minato-15.jpg

Мажот и жената кои биле модели за сликата American Gothic.

chudna-istorija-zabaven-twitter-profil-za-najneoobichnite-nastani-od-nasheto-minato-16.jpg

Винстон Черчил насликал над 500 дела, од кои 50 биле и изложени. Пикасо сметал дека тој требало да биде уметник наместо политичар.

chudna-istorija-zabaven-twitter-profil-za-najneoobichnite-nastani-od-nasheto-minato-17.jpg

Луј Армстронг ѝ свири на сопругата Лусил, во 1961-ва.

chudna-istorija-zabaven-twitter-profil-za-najneoobichnite-nastani-od-nasheto-minato-18.jpg

Самураи позираат пред сфингата во Египет, додека биле на турнеја околу светот во 1864.

chudna-istorija-zabaven-twitter-profil-za-najneoobichnite-nastani-od-nasheto-minato-19.jpg

Суштество кое личи на Јода се појавува во средновековни текстови од пред 500 години.

chudna-istorija-zabaven-twitter-profil-za-najneoobichnite-nastani-od-nasheto-minato-20.jpg

Google Maps од 1920-тите – рачен часовник со мали свитоци мапи.

chudna-istorija-zabaven-twitter-profil-za-najneoobichnite-nastani-od-nasheto-minato-21.jpg

За време на финансиска криза во 1720-та, британскиот парламент дебатирал дали банкарите да бидат затворени во вреќи со змии, кои ќе бидат фрлени во Темза.

chudna-istorija-zabaven-twitter-profil-za-najneoobichnite-nastani-od-nasheto-minato-22.jpg

Можеби најстарата поплака од муштерија, напишана околу 1750-та п.н.е.

chudna-istorija-zabaven-twitter-profil-za-najneoobichnite-nastani-od-nasheto-minato-23.jpg

Светилки го обележуваат местото каде што стоел Берлинскиот ѕид.

chudna-istorija-zabaven-twitter-profil-za-najneoobichnite-nastani-od-nasheto-minato-24.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *