Методот со кој Ребел Вилсон успеа да ослаби и да го трансформира телото за неколку месеци

Актерката Ребел Вилсон 2020-та година ја прогласи за „година на здравјето“ и се посвети на здрава исхрана и редовно вежбање.

metodot-so-koj-rebel-vilson-uspea-da-oslabi-i-da-go-transformira-teloto-za-nekolku-meseci-01.jpg

Точната бројка на килограми кои ги изгубила, не е позната, но промената е очигледна.

Нејзината цел до крајот на годината е да има 75kg, а во моментов има 83kg.

metodot-so-koj-rebel-vilson-uspea-da-oslabi-i-da-go-transformira-teloto-za-nekolku-meseci-02.jpg

Ребел Вилсон го следи Mayr методот, осмислен од Franz Xaver Mayr уште во дваесеттите години на минатиот век.

Методот се темели на интуитивна консумација на храна која поттикнува здрав систем за дигестија. Зависно од здравствените потреби, експерти го изработуваат режимот на исхрана и суплементи.

Ова се општите правила на Mayr методот:

1. Не ги броите калориите, туку залаците.

2. Треба да се фокусирате на она што ви е сервирано во чинијата, а не да ги броите калориите. Наместо ручек на брзина или вечера пред телевизор, треба да јадете во мир и тишина, и секое залче да го проџвакате околу 40 пати пред да го голтнете.

3. Немојте да пиете течности со оброците.

Mayr методата поттикнува течностите да се пијат помеѓу оброците, а не заедно со храната. Подобро е да јадете два до три големи оброци во денот, отколку почесто – помали оброци.

4. Не јадете навечер.

После 17 часот не смеете да јадете ништо. Помеѓу сите оброци потребно е да поминат 4 до 5 часа за храната да се свари соодветно.

5. Нема јадење млечни производи и глутен.

Личностите кои ја следат оваа диета, значително треба да го намалат внесувањето на млеко и млечни производи и внесот на глутен во организмот.

Наместо ова, треба да внесуваат многу зеленчук, риба и други здрави извори на омега 3 масни киселини како мешункасти плодови и семки.

metodot-so-koj-rebel-vilson-uspea-da-oslabi-i-da-go-transformira-teloto-za-nekolku-meseci-03.jpg

Покрај режимот на исхрана, Ребел Вилсон има и интензивни тренинзи:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *