Најмладите фанови му оддаваат почит на „Црниот пантер“ – Чедвик Боузман на емотивен начин (фото)

Фотографирајќи се со акционите фигури од Marvel, децата ширум светот покажаа колкаво влијание имал „Црниот пантер“ врз нив.

najmladite-fanovi-mu-oddavaat-pochit-na-crniot-panter-chedvik-bouzman-foto-01.jpg

На 28-ми август годинава, светот остана во неверување откако се дозна дека Чедвик Боузман, најпознат по улогата во Black Panther, ја изгубил битката со ракот. Уште поголем шок беше тоа што 43-годишниот актер умешно ја криел болеста цели четири години.

Иако Чедвик беше „Црниот пантер“ само неколку години, неговото влијание е огромно, особено врз малите деца кои се фанови на Marvel.

Изминативе неколку денови, пак, родителите од целиот свет почнаа да споделуваат фотографии, со кои нивните малечки му оддаваат почит на актерот. Тие се фотографирале со нивните акциони фигури од Marvel, притоа правејќи го препознатливиот поздрав од филмот – Wakanda Forever (Ваканда е измислената држава во која живее Црниот пантер, најпознатиот лик на Чедвик).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *