Вдовицата на Хју Хефнер му го прослави роденденот на помладото момче во Мексико (фото)

Кристал Хефнер има 2 години помладо момче и му го слави роденденот на плажа со шампањ. Нејзиниот сопруг Хју Хефнер, кој беше постар од неа 60 години, почина на 91 година во 2017-та.

vdovicata-na-hju-hefner-mu-go-slavi-rodendenot-na-pomladoto-momche-vo-meksiko-foto-01.jpg

Кристал Хефнер, вдовицата на Плејбој легендата Хју Хефнер, со партнерот Нејтан Леви, инженер од Лос Анџелес, ужива во Мексико.

Нивната врска очигледно е стабилна, а таа му посвети објава по повод неговиот 32-ри роденден, кој го прославија во луксузен ресорт.

vdovicata-na-hju-hefner-mu-go-slavi-rodendenot-na-pomladoto-momche-vo-meksiko-foto-05.jpg
vdovicata-na-hju-hefner-mu-go-slavi-rodendenot-na-pomladoto-momche-vo-meksiko-foto-02.jpg

„Среќен роденден на мојата омилена личност мило ми е што можевме да отидеме заедно на вакво патување за твојот специјален ден“, напиша Кристал во посветата за својот партнер.

Инаку и Нејтан ѝ посвети емотивна објава на Кристал на својот Инстаграм профил и ѝ заблагодари за одличниот старт на 32-рата година од неговиот живот. Отворено кажа дека тоа што е со неа била најдобрата промена во неговиот живот.

Парот за првпат беше фотографиран заедно во јули исто така на одмор во Мексико.

Ова е прва јавна врска на Кристал по смртта на Хефнер пред 3 години.

Фотки од Кристал и Хју:

vdovicata-na-hju-hefner-mu-go-slavi-rodendenot-na-pomladoto-momche-vo-meksiko-foto-09.jpg
vdovicata-na-hju-hefner-mu-go-slavi-rodendenot-na-pomladoto-momche-vo-meksiko-foto-08.jpg
vdovicata-na-hju-hefner-mu-go-slavi-rodendenot-na-pomladoto-momche-vo-meksiko-foto-07.jpg
vdovicata-na-hju-hefner-mu-go-slavi-rodendenot-na-pomladoto-momche-vo-meksiko-foto-06.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *