„Дали мораше да ме сликаш додека повраќам?“ – најубавиот одговор од сопругот

Сопругот ме сликаше едно утро оваа седмица додека висев над тоалетната школка со огромен нагон на гадење. Не баш културно му реков да се мавне од тука и ме послуша.

dali-morase-da-me-slikas-dodeka-povrakam-najubaviot-odgovor-na-soprugot-01.jpg

Кога излегов од бањата еден час подоцна, го прашав која  му беше потребата да го фати баш овој момент, затоа што дефинитивно нема да сакам да го запомнам. Неговиот одговор низ насмевка беше:

„Лошо ти е и повраќаш секој ден по цели денови изминативе 4 недели. Цело време прашуваш дали навистина вреди да поминуваме низ ова. Сакав да те потсетам зошто го правиме ова, затоа што иако овој дел од процесот е навистина за никаде, на крајот ќе добиеме нешто фантастично. Ќе ни донесе некој што ќе те сака безусловно и во твоите најлоши денови, ќе ти донесе личност која иако не си се истуширала 4 дена и повраќаш нон-стоп, ќе сака да биде покрај тебе. Ќе ти ја држи косата, ќе те гали по грбот и ќе ти кажува дека ќе биде добро. А, тоа, тоа е најчистата љубов која некогаш сум ја видел“.

Затоа, му благодарам на сопругот што секогаш ми помага да ја видам големата слика кога најчесто се фокусирам само на малите работи околу мене.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *