Жени, приватни забави на острови – распуштениот живот на принцот на Саудиска Арабија

Екстремно раскошниот стил на живот е препознатлив за претстолонаследникот на Саудиска Арабија – Мухамед Бин Салман.

zeni-privatni-zabavi-na-ostrovi-raspusteniot-zivot-na-princot-na-saudiska-arabija-01.jpg

Во книгата: „Крв и нафта: Немилосрдната потрага на Мухамед Бин Салман за глобална моќ“ се раскажува за најголемата забава која тој ја организирал тајно на Малдивите:

Арапскиот принц организирал забава со манекенки и фото модели од Бразил, Русија и други земји, за да се забавуваат со неколку десетици луѓе од Блискиот Исток.

zeni-privatni-zabavi-na-ostrovi-raspusteniot-zivot-na-princot-na-saudiska-arabija03.jpg

Девојките стигнале со брод на приватниот остров на Малдивите, а пред да дојдат сите биле тестирани за полово преносливи болести.

Салман (35) ова го организирал во 2015-та година, а приватната забава се одржала на островот Velaa, кој е осмислен да биде најлуксузна и најскапа светска дестинација. Било забрането користење на мобилни телефони за да се сочува приватноста.

На забавата имало два светски познати диџеи. Принцот платил околу 500 милиони долари за луксузна јахта, совршена да ги прими ВИП гостите.

zeni-privatni-zabavi-na-ostrovi-raspusteniot-zivot-na-princot-na-saudiska-arabija01.jpg

Инаку, тој е женет за принцезата Сара бинт Машур бин Абдулазиз Ал Сауд од 2008-ма година и имаат 4 дечиња – 3 девојчиња и едно момче.

По професија е дипломиран правник.

zeni-privatni-zabavi-na-ostrovi-raspusteniot-zivot-na-princot-na-saudiska-arabija02.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *