Рибите губат важни предмети, вагите трошат премногу пари – лоши навики од кои знаците не може да се ослободат

Покрај позитивните, секој од нас има и негативни карактеристики. Астрологијата уверува дека дел од нив се типични за секој хороскопски знак.

Losi-naviki-od-koi-znacite-ne-moze-da-se-oslobodat-01.jpg

Девицата е толку многу организирана, што нејзината педантност ќе ви оди на нерви. Лавот ќе ви прости, но никогаш нема да заборави. Од кои лоши навики не може да се ослободи секој од знаците?

Овен – заборава да врати на пораките. Всушност, Овенот толку може да се задлабочи во работата, што со денови нема да ви врати ниту збор на вашите пораки, без разлика дали станува збор за СМС-порака или оние оставени на социјалните медиуми. Подобро навикнете се на ова однесување, нема да го смени наскоро.

Бик – зборува за време на филмови. Секогаш има некој коментар за актерите, начинот на кој камерата се „тресе“ и колку го нервира сето тоа. Бикот е оној којшто се обидува да го погоди крајот на филмот, оној што непрестајно јаде грицки за време на филмовите, личноста која е најнапорна кога сакате да изгледате филм во мир и тишина.

Близнаци – пребрзо осудува. За Близнаците е особено важен првиот впечаток за кој нема втора шанса. Тие пребрзо носат суд и одлука за нечиј карактер или постапки. Подоцна може да се покаат, но дотогаш веќе го изнеле своето мислење секаде. Се чувствуваат виновно што толку нагло ги осудиле другите, но нема враќање назад.

Рак –  се однесува претерано заштитнички. Кога Ракот чувствува љубов и блискост кон некого, тогаш е целосно предан и се однесува премногу заштитнички. Ваквата посветеност понекогаш преминува кон посесивност. Но, Ракот не може да го контролира ова свое однесување.

Лав – простува, но не заборава. Лавот е едноставно премногу горделив за да ги заборави сите оние луѓе и постапки коишто го повредиле. Тој ќе ви прости релативно брзо, бидејќи сака да покаже дека не се заморува со ситници. Но, нема никогаш да заборави. Тогаш кога најмалку очекувате ќе го употреби ова против вас, како низок удар под појасот.

Девица – претерано е организирана. Што дури им оди на нерви на останатите околу неа. Девицата не може да заспие доколку знае дека има нечисти садови, неиспрани алишта, несредена дневна соба. Има обичај да ве „скенира“ додека зборува со вас и да ви зачистува влакна или трошки од облеката која ја носите на себе.

Вага – троши премногу пари. Вагата навистина не знае што значи зборот штедење. Платата одвај ѝ стигнува до средината на месецот. Троши пари на големи, битни и неопходни работи, но и на мали ситници и глупости кои реално никогаш нема да ѝ затребаат. Но, великодушна е и многу сака да подарува на блиски и сакани луѓе.

Скорпија – станува посесивна. Ова однесување е типично за Скорпиите. Кога сакаат некого, без разлика дали станува збор за пријателска или љубовна врска толку многу им се посветени што ќе го доведат другиот до лудило. Доколку не им одговарате на пораките или повиците подготвени се да се нацртаат пред вашата врата и да ве чекаат со часови додека не се вратите дома.

Стрелец – прави импулсивни планови. Доколку правилото е планови во „5 до 12“, стрелецот ги прави минутка до 12. Тоа е единствениот знак во зодијакот кому може да му се јавите во 4 по полноќ со идејата да јадете бургери некаде и да дојде заедно со вас за да ви прави друштво. Ваквото однесување ги чини многу – особено кога станува збор за работата и работните обврски, бидејќи ги занемаруваат во име на спонтаноста.

Јарец –  секогаш го чита прво крајот на книгата. Познати по тоа што навистина немаат трпение, Јарците секогаш ја вратат заднината на книгата, како и последните страница-две за да го дознаат крајот. Ова не се однесува само на книгите, туку и на животот генерално. Немаа трпение да го дочекаат исходот од некоја ситуација, па затоа носат нагли и пребрзи одлуки за кои подоцна се каат.

Водолија –  нема точно определено време за ништо. Ниту за јадење, ниту за работа, ниту за спиење. Непостојани се и ретко човек може вистински да се потпре на Водолијата. Подоцна се жалат на нарушениот биоритам и на здравјето, како немаат време за ништо. Кога всушност вистината е дека одбиваат да се организираат, само затоа што се немарни и по малку спонтани.

Риби –  губи важни предмети. Рибите не се зависници од материјални предмети. Дури воопшто и не обрнуваат внимание на нив, макар и кога станува збор за нешто вредно и скапоцено. Често пати им се случува да изгубат нешто што им е оставено во наследство и воопшто да не се потресат за тоа. Нив ги води максимата – ништо не е повредно отколку здравјето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *