Едноставни вежби за дишење што ќе ви помогнат да се ослободите од стресот

Денес е речиси невозможно целосно да го избегнете стресот, но мора да се потрудите барем да го намалите.

ednostavni-vezhbi-za-dishenje-shto-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-stresot-01.jpg

Веројатно досега сте пробале многу трикови и совети за справување со стресот, но понекогаш решението е наједноставната опција. Во овој случај, тоа е дишењето.

Свесното дишење навистина може да ви помогне да се смирите и значително да го намалите влијанието на стресот.

Во продолжение, пак, погледнете пет вежби за дишење што ќе ви помогнат во тоа:

Основна вежба

Седнете во удобна положба или легнете на грб. Опуштете ги рамената и ставете ја едната рака на стомакот, а другата на градите.

Вдишете длабоко преку носот, така што ќе се подигне вашиот стомак, а не вашите гради. Издишете го целиот воздух и повторете петпати.

ednostavni-vezhbi-za-dishenje-shto-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-stresot-02.jpg

Техника 4-7-8

Вдишете и издишете го целиот воздух од белите дробови. Потоа, вдишувајте од носот 4 секунди, држете го воздухот 7 секунди, па издишувајте низ устата 8 секунди.

Повторете ја вежбата четирипати.

Наизменично дишење

Поставете ја десната дланка како на фотографијата.

Со палецот затворете ја десната ноздра и вдишете преку левата. Потоа, со палецот затворете ја левата ноздра, и издишете преку десната.

Повторете шестпати, а потоа сменете ја страната – вдишувајте од десната, а издишувајте од левата ноздра.

ednostavni-vezhbi-za-dishenje-shto-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-stresot-03.jpg

Длабоко дишење

Сместете се во удобна положба и затворете ги очите. Вдишувајте длабоко и бавно, фокусирајќи се на воздухот што минува низ вашиот нос.

Издишете бавно и повторете десетпати.

„Огнен“ здив

Седнете на подот или на стол и поставете ги дланките на долниот дел од стомакот.

Вдишете длабоко, а потоа наеднаш издишете го целиот воздух. Издишувањето треба да трае околу една секунда.

Ова „јога“ дишење е малку неприродно, па ако почувствувате каква било непријатност, немојте да ја правите вежбата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *