Казни, навреди, непочит: Вработените откриваат зошто Елен Деџенерис е „шефица од пеколот“

Елен како да ја изгради нејзината кариера околу мотото „биди добар“, но изгледа ова било само глума – Елен во реалноста се покажа како навистина ужасна личност.

rasizam-toksichna-rabotna-sredina-shto-se-otkrija-vrabotenite-na-elen-dedzheneris-01.jpg

Пред само неколку месеци, луѓето кои имале каква било интеракција со неа почнаа да откриваат каква е Елен и имаа само лоши зборови за нивното искуство. За ова најмногу зборуваа оние кои биле гости во нејзиното шоу, вклучувајќи и неколку славни, но сега и вработените почнаа да откриваат каква е всушнсот Елен.

Па, што имаат да кажат тие за неа?

Лоши искуства

Гласините дека Елен е еден од најлошите шефови постојат со години. Сепак, речиси никој не им обрнуваше внимание сè додека Кевин Т. Портер не ги замоли луѓето да раскажат за нивното лошо искуство со Елен. Досега, на неговата објава имаат одговорено речиси 3.000 луѓе.

Во коментарите се огласи и актерот Бенџамин Сиемон, кој напиша:

„Елен има ’чувствителен нос’, па секој мора да џвака мастика пред да разговара со неа. Ако таа мисли дека мирисате лошо, ќе ве испрати дома да се туширате“.

Тој напиша и дека секој ден, Елен си одбирала по еден од вработените што ќе го мрази. На новите вработени им го кажувале ова, со цел да ги утешат.

„Никој не веруваше, но на крај ова секогаш се покажуваше како вистина“, вели Бенџамин.

rasizam-toksichna-rabotna-sredina-shto-se-otkrija-vrabotenite-na-elen-dedzheneris-02.jpg

Агресија

Една девојка со темна кожа која работела околу година и пол за шоуто на Елен, откри дека агресијата и расизмот биле честа појава таму.

Кога тимот на Елен најмил друга девојка со темна кожа, еден од продуцентите ѝ рекол:

„И двете имате исти фризури, се надевам дека нема да ве помешам. Се извинувам, ги знам само имињата на белите луѓе кои работат овде“.

rasizam-toksichna-rabotna-sredina-shto-se-otkrija-vrabotenite-na-elen-dedzheneris-03.jpg

Уште расизам

Друга девојка која работела за Елен изјави дека секогаш кога ќе почнела да зборува за дискриминација, другите едноставно ја менувале темата.

„Секогаш кога му кажував на мојот бел шеф дека имам проблем, тој ми кажуваше некоја приказна за некој негов пријател со темна кожа што надминал нешто лично. Го користеше тој пријател мислејќи дека ќе ми докаже дека ме разбира, но јасно е дека сето беше само глума“.

rasizam-toksichna-rabotna-sredina-shto-se-otkrija-vrabotenite-na-elen-dedzheneris-04.jpg

Нееднакви плати

Истата девојка откри и дека платите не биле воопшто еднакви. Имено, таа открила дека друга личност која ја работела потполно истата работа како и неа била платена двојно повеќе. Девојката имала 10 години искуство, но тоа не ја интересирало Елен.

Дури и откако дала отказ, долго ѝ било страв да прозбори за ова, но знаела дека не е единствената дискриминирана личност.

rasizam-toksichna-rabotna-sredina-shto-se-otkrija-vrabotenite-na-elen-dedzheneris-05.jpg

Вработените добиваат отказ ако имаат лични проблеми

Друг поранешен вработен изјави дека добил отказ бидејќи трипати бил принуден да отсуствува од работа. Првиот пат имал сообраќајка и морал да лежи во болница, а вториот и третиот пат работел од дома, бидејќи му починал член од семејството.

На Елен воопшто не ѝ било грижа за ваквите ситуации, па сите кои имале лични проблеми, добивале и отказ.

rasizam-toksichna-rabotna-sredina-shto-se-otkrija-vrabotenite-na-elen-dedzheneris-06.jpg

Осигурување

Еден од вработените на Елен имал здравствени проблеми и кога сфатил дека осигурувањето нема да му ги покрие трошоците, почнал кампања за донации. Кога неговите надредени дознале за ова, му наредиле да ја прекине кампањата, бидејќи ќе го наруши угледот на Елен.

Друг вработен морал да оди во ментална установа поради депресија и обид за самоубиство. Елен го отпуштила и него.

Гостите мораат да ја обожуваат Елен

Наводно, пред интервју, продуцентите им нагласувале на гостите дека мораат да кажат колку многу го сакаат шоуто на Елен. Оваа приказна ја имаат потврдено неколку луѓе, што значи Елен го бара ова од многумина.

rasizam-toksichna-rabotna-sredina-shto-se-otkrija-vrabotenite-na-elen-dedzheneris-08.jpg

Нема простор за поплаки

Повеќето компании сакаат нивните вработени да кажат кога нешто не е во ред или кога има некој проблем. Но, ова правило не важи кај Елен.

Луѓето кои работат за неа тврдат дека таа не е фината личност што ја гледаме на телевизија, а и немаат со кого да разговараат ако имаат некаков проблем поврзан со работата.

„Мислев дека никогаш не е безбедно да зборувам со менаџерот кога имав проблеми, бидејќи тој беше личноста што чекаше да станам до тоалет, само за да ми напише зошто не сум на моето биро“, изјавил еден од вработените.

rasizam-toksichna-rabotna-sredina-shto-se-otkrija-vrabotenite-na-elen-dedzheneris-09.jpg

Лоша комуникација за време пандемијата

Кога почна пандемијата, Елен почна да го снима шоуто во нејзиниот дом. Проблемот е што таа најми сосем друга компанија за да ѝ помогне во тоа, па 30 нејзини вработени не знаеја што ќе се случува. После еден месец, Елен им соопштила дека на сите ќе им биде намалена платата за 60%, а само четворица од тимот продолжиле да работат на шоуто.

rasizam-toksichna-rabotna-sredina-shto-se-otkrija-vrabotenite-na-elen-dedzheneris-10.jpg

Елен игнорира сè што се случува

Пред неколку недели, кога Елен се најде „во тесно“ поради гласините за токсичната работна средина, таа им испратила мејл на вработените во кој им се извинува. Сепак, тие сметаат дека дефинитивно можела да се потруди повеќе.

„Ако сака нејзиното шоу да го носи нејзиното име, би требало да биде повклучена и позаинтересирана за она што се случува“, изјавил еден од вработените.

rasizam-toksichna-rabotna-sredina-shto-se-otkrija-vrabotenite-na-elen-dedzheneris-11.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *