„Не сум имала секс со маж ми 5 години, вели дека сум многу здебелена и бега од мене“

Осамена жена ја споделува нејзината фрустрација со сексолог – вели дека нејзиниот сопруг не сака да има секс со неа бидејќи многу се здебелила.

ne-sum-imala-seks-so-mazh-mi-5-godini-veli-deka-sum-mnogu-zdebelena-i-bega-od-mene-01.jpgфото: depositphotos.com

Нејзината исповед до сексологот гласи:

„Дали треба да го оставам? Со сопругот сме заедно 23 години и имаме 2 деца, но не сме имале секс речиси 5 години. Тој вели дека не сум му привлечна повеќе бидејќи сум подебела од пред да имаме деца.

Се жали дека ‘рчам бидејќи сум дебела и дека му го попречувам сонот. Немам проблеми со дишењето навечер, дишам на нос, а не на уста. Да, понекогаш можеби ‘рчам, но не секогаш. Дури и додека го пишувам ова си помислувам дека заслужувам подобро. Дури и кога ќе го допрам по раката, тој се трга. Се обидувам да го прегрнам, тој се трга. Осамена сум, ве молам помогнете ми.“

Одговорот на сексологот гласи:

„Тоа што си осамена во врската е знак дека нешто не е во ред. Звучи како врската да минува низ многу предизвици. Дали треба да го оставиш? Можеби.

Но, има и други чекори кои може да се направат претходно. Можно е да има некој друг проблем под површината и добра идеја е како пар да разговарате со стручен семеен терапевт. Ако одбива да го направи тоа, тогаш немате многу избор.

Јасно е дека не може да се приспособите на оваа ситуација. Полека ви ја уништува самодовербата и среќата.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *