Протеинска салата која е повкусна кога ќе „преноќи“ во фрижидер

Оваа медитеранска салата со туна е еден од ретките рецепти кои е повкусен кога ќе отстои.

proteinska-salata-koja-e-povkusna-koga-ke-prenokji-vo-frizider-001.jpg

Се работи за салата полна со протеини која ќе ви даде доволно енергија за целодневните обврски, а најдобро е ако ја подготвите од вечер.

Потребни состојки:

  • 2 големи конзерви туна
  • 200g варен наут
  • 1 свежа краставица
  • 1 свежа пиперка
  • ½ главица кромид
  • 2-3 сушени домати
  • 5-6 маслинки
  • 2 лажички копар или магдонос или зачин по желба

Прелив за салатата:

  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 лажици оцет
  • 1 лажичка лимонов сок
  • 1 лажичкка сушен магдонос
  • 1 лажичка сушено оригано
  • Сол и бибер по желба

Подготовка:

  • Исцедете ја туната од конзервата.
  • Ситно исечкајте ги сите останати состојки и промешајте ги со туната во голем стаклен сад. Додадете ги зачините.
  • Состојките за сосот измешајте ги во мала шолја и прелијте ја салатата. Оставете ја да отстои во фрижидер.
  • Послужете ја со брускети, тостиран леб или некои интегрални грисини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *