За деновите кога немате време за готвење – 6 рецепти за брзи оброк салати

Обично луѓето ја гледаат салатата како прилог, но со малку креативност можете да ја претворите и во цел оброк.

za-denovite-koga-nemate-vreme-za-gotvenje-6-recepti-za-brzi-obrok-salati-01.jpg

Во деновите кога немате многу време за готвење, оброк салатите се одличен начин да се храните здраво, но и да се чувствувате сито.

Во продолжение погледнете 6 рецепти за брзи оброк салати:

Грчка салата со тестенини

Сварете 250 грама тестенини и оставете ги да се изладат. Потоа, во сад измешајте домат, краставица, жолти и црвени пиперки, фета сирење и сварените тестенини. Додајте малку маслиново масло и вашиот оброк е готов.

za-denovite-koga-nemate-vreme-za-gotvenje-6-recepti-za-brzi-obrok-salati-02.jpg

Клуб салата со пилешко и авокадо

Во сад измешајте сезонски зеленчук, како домат и краставица. Потоа додајте малку лук, сирење, едно парче пржена сланина и половина авокадо. Испечете или испржете малку пилешко, додајте го во салатата, а по желба можете да зачинете и со маслиново масло и јаболков оцет.

za-denovite-koga-nemate-vreme-za-gotvenje-6-recepti-za-brzi-obrok-salati-03.jpg

Кремаста песто салата со авокадо

Во блендер измешајте едно авокадо, шолја млеко, песто сос и сок од лимон и направете хомогена смеса. Во меѓувреме, во рерната испечете околу 400 грама зеленчук, како брокула и тиквички.

Сварете околу 200 грама тестенини по желба и измешајте ги со кремастиот сос. Потоа додајте го печениот зеленчук, а можете да додадете и малку сирење и јаткасти плодови.

za-denovite-koga-nemate-vreme-za-gotvenje-6-recepti-za-brzi-obrok-salati-04.jpg

Кускус салата со лимета и магдонос

Во блендер измешајте една лажица маслиново масло, малку сол и бибер, една китка магдонос и сок од 2 лимети.

Пригответе го кускусот и измешајте го со спанаќ, 100 грама сирење и јаткасти плодови, а потоа прелијте со блендираната смеса.

za-denovite-koga-nemate-vreme-za-gotvenje-6-recepti-za-brzi-obrok-salati-05.jpg

Салата со лосос

Запржете едно парче лосос на маслиново масло и исечкајте го на мали парчиња. Направете прелив од со сос мед, сенф и малку сол и бибер.

Во сад измешајте неколку листови марула и домат, а потоа додајте ги лососот и преливот.

za-denovite-koga-nemate-vreme-za-gotvenje-6-recepti-za-brzi-obrok-salati-06.jpg

Салата со туна и магдонос

Измешајте една конзерва туна со една шолја свеж магдонос. Во салатата можете да додадете што било, но една од подобрите комбинации е со маслинки, мелени ореви и домати.

za-denovite-koga-nemate-vreme-za-gotvenje-6-recepti-za-brzi-obrok-salati-07.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *